Дали е во ред ако овој фустан го носам на моминска? Ако да со какви штикли би ми препорачале да го носам? А и ако може некој да ми каже како се носи оваа кошула т.е како се облекува бидејќи се сплеткав со врвките не знам која каде треба Трапава сум и тоа многу
@s.w-e.e-t.y Фустанот е симпатичен иако изгледа малку обичен, според мене. Сепак многу зависи и каде ќе ја прославиш моминската вечер Доколку не славиш да некое поотмено место, можеш да го облечеш со ... Спојлер: Shoes Но доколку славиш на некое малку поотмено место, би ти препорачала нешто вакво ... Спојлер: Dresses Инаку, во врска со кошулата, ни јас точно не знам како се облекува ... P.S. - Се извинувам доколку малку доцна одговарам на прашањето
Не е лош моделот на фустанот а и бојата ми се допаѓа само неможам од фотографијава да воочам каков е материјалот, дека е изгужван па да не е од оној кој природно вака се прави од едно седнување. Ако е од тој не би ти препорачала да го носиш оти ќе се изгужва и нема да изгледа уредно, ако е од друг материјал и не е само моментално пеглан тогаш е во ред да го носиш. Јас би го искомбинирала со некое масивно ланче и салонки во некоја поотворена летна боја како на пример минт, светла праска боја или пак сребрена. Што се однесува до кошулата, колку што можам да забележам, ова е најобична кошула која треба да се врзе позади кај половината а веројатно има и долу врвче со кое се прави балонче модел. Можеби грешам, мене така ми изгледа.
@Zaljubena26 и @Briar Rose Ви благодарам многу. Инаку моминската не е моја туку на другарка па затоа прашував дали е добро да го носам тој или да барам нешто друго а фустанот не е пеглан во моментот затоа така изгледа
Не знам дали е соодветно тука да прашам ама ај. Јасно ми е дека без градник подобро изгледа, но јас не можам. Дали нужно ваква маичка би носеле без градник или би и со градник без прерамки?
Ја би ја носела со ваков прслук што не се познава. Без прслук, тешко оти нема да се осеќам многу комотно. Ваков градник ти е најдобра опција, чим не можеш без него.
Ако носиш градник ќе се гледа најверојатно и според мене нема да изгледа ок. Во Сара Фешн има едни силиконски кругови кои се лепат над брадавиците, мислам дека со такви би изгледало добро.
@Lilit јас лично ич не би ја носела јер огромни гради па може да испадне нешто што не треба Ама инаку, ако имаш таман гради за ваквов модел, јас не би со прслук, ама можеш да си купиш лепенки за брадавиците само, и така убаво ќе стои
Па не се баш мали тоа е дилемата. Не се хјуџ ама како едно стандардно силиконско полнење. Е сега кога е природно бара поддршка од градник...
Сакам да ја носам сукњава (скроз истата од сликиве) на свадба. Многу мала и интимна свадба, јас сум старосватица и ќе биде во црква. 1. Дали е пристојно воопшто да ја носам сукњава бидејќи основата е бела? (ма да мислам дека нема да и пречи на другарка ми) 2. Каков модел на блуза да носам за да бидам пристојна за во црква, а да избегнам покривање со шалови и марами? И боја исто, не смее бела, па опциите ми се розева, бордо, црна, можда смарагдно зелена се мислев.... Хелп!
Јас овие модели на топ би ги носела и во темно сина или зелена, па дури и јака жолта. Само црна немој, многу контрасно ќе дојде. Чевли имаш или ќе купуваш нови? Мое мислење е да бидат иста боја со топот доколку е можно. Во врска со првото прашање, слободно носи ја, не е непристојно.
Во црква со топ?! Со голи рамена и гол стомак? Не, не. @CinnamonBambi преубава е сукњава, јас би ја носела со некоја розевкаста кошулка на 3/4 ракави. Не знам како се вика оној материјал мазен како свила и нема потреба од пеглање, со него мислам дека би стоело одлично. Смарагдно зелена мислам дека ќе те угуши некако... Според мене што посветла тоа поубава. А и не е глупаво да ја носиш, имај на ум дека некои одат со скроз бели фустани.
Кроп топ и нешто со голи рамена секако нема да носам, плус кроп топ не е ни мој стил. Ах ич не ми се шета по продавници, а ќе треба да се пуштам на сериозно разгледување и пробување. Инаку чевли oвие (пошто ќе биде мала свадба, само едно попладне, нема потреба да купувам се ново па затоа сукњата и чевлите веќе си ги имам.) Евенутално ако видам некои вакви сандали ама понежна боја и да се за некоја смешна цена, можда ќе ги земам.
А зошто да не? Нема откриено деколте, сукњата има висок струк и стомакот нема да се гледа воопшто, нема провокација. Единствено се гледаат рамениците, па големо чудо. Ако не ти лежат топови тоа е друга работа. А дека има нешто непристојно според мене нема.
Што не личи не личи не мора да се убедуваме сега. Што се однесува до мене кроп топ не би носела ни на спиење, не па за излагање/свадба или у краен случај црква. Кој како си милува.
Во ред е, почитувам мислење. Секој со свој вкус и убедувања. Немав намера да ти променам мислење, само да и кажам дека доколку има желба да носи и да не се оптеретува со конзервативни мислења.
Воопшто не сум религиозна, не сум верник, ама сепак ги почитувам тие некои правила на црквата и не би сакала да штрчам на и онака малечка свадба. Би сакала некоја блуза со која ќе изгледам пристојно, ама да не делувам како тетка или ко за во канцеларија (затоа и за кошула не знам колку сум баш). Бидејќи сукњата е доста шарена, би требало горе да е еднобојно, а за да е посвечено можеби некој сатенско-свилен материјал? Сепак отворена сум за предлози, може ќе ми текне нешто друго од вашите сугестии
@CinnamonBambi се согласувам дека некои работи треба да се испочитуваат, како што е пристојната облека за в црква. За тоа не мора да си голем верник, едноставно не секоја облека е соодветна за секое место. Инаку, би можела да пробаш нешто вакво, вакво или вакво, во секој случај еднобојно. Да, свесна сум дека на една од сликите е дете, ама сепак тој е тој модел на блуза што сакам да ти ја предложам и за возрасни
Силиконските што ги ставила IronLady се идеално решение. Мене они само за брадавиците не ми прават кеиф, другачките, особено ако се поголеми, може слободно да одат лево-десно а мене тоа ми е крајно вулгарно. Вака со силиконските ќе ги споиш, може и да ги приближиш и полн погодок. Моја препорака се оние од NBB силиконски, ги има во Сара Фешн, околу 500 се, не поскапи а најдобри се. Јас ваква маичка носам со градник за корсет, црна е и маичката и градникот, па воопшто не се познава.