Може и беж, ама јас сепак би одела со црн класичен капут, и дефинитивно црвен шал или марама. Фустанчето е преслатко
@prettymamma ти благодарам за мислењето ! И јас размислував да комбинирам со црн класичен капут но се двоумев бидејќи можеби фустанчето би изгледало добро и со други бои
Со црн струкиран капут би изгледало одлично, но и по малку очекувано. Според мене можеш да го носиш фустанот со кремаст мантил, лично многу ми се допаѓа комбинацијата. Само внимавај, мантилот да биде иста должина или малку подолг од фустанчето. Ако е пократок, тогаш носи го откопчан само
@Avery ти благодарам за советите и се во врска со должината на капутот. Инаку на ум имав нешто слично на ова...
Со последниов највеќе би одговарало, може и со тој кремастиот ама некој поедноставен модел што и да одбереш нема да погрешиш
@prettymamma ти благодарам! И јас исто така се согласувам дека последниот капут најмногу би одговарал со фустанчето. И копчињата на капутот би биле навистина убав детал за целокупниот изглед
Девојки помош! Со накит сум скарана и поим немам од комбинирање. Па, сакам да ми дадете предлог за накит што ќе одговара ао фустанов, пошто не сакам да бидам скроз во црно, а нов долг фустан не планирам да купувам. Мислев дали ќе одговара нешто колоритно, не сакам класичен накит као лустер, а ниту злато.
Фустанот е многу убав, јас би одбрала royal blue обетки по впечатливи малку ама сепак не претерано и исто таква боја ташна, можеш и некоја алка да ставиш ептен нежна.
Можеш да ставиш вакви штикли, има слични во Офис Шус и имаат попуст.. А за накит некои слични на овие за ташничка или црна или некоја др боја од накитот доколку се одлучиш за шарен накит
@Matotheja фустанот е преубав за овој период и плус е во мојата омилена боја Познато е дека црната боја одговара со сите бои, така што имаш голем избор кога станува збор за накитот. Поради формата на горниот дел на фустанот, може да дозволиш да носиш помасовни обетки и понежно ланче или пак обратно, помасовно ланче и понежни обетки. Сепак јас би ти препорачала да одбереш некоја понежна боја за предизвика контраст ... Спојлер: Pink Спојлер: Purple Спојлер: Blue Спојлер: Red Спојлер: Green/Emerald
@marta993 @Briar Rose @prettymamma фала ви девојки. Ми требаше малку насока и ми помогнавте. Лично розева ми е омилена боја, а и ројал блу е некако класика и би можело да биде совршен избор. Свадбата ми е во октомври. И сандалите се сон, само не знам дали во октомври би биле добра идеја. Можеби чевлички во таа боја.
Имам и јас свадба во октомври и тоа две па сепак размислувам на сандали, може ќе имаме потопол октомври нема на што
Сум била во октомври на свадба во сандали, си личи, зошто да не. Сигурна сум дека ќе изгледаш прекрасно и мило ми е ако ти помогнав
Доколку свадбата е во октомври, сандалите секако повеќе одговараат за во лето, меѓутоа ако времето е топло може да се носат и тогаш. Сепак и со преубави салонки може целата комбинација да изгледа одлично без разлика со која боја ќе се одлучиш ... Спојлер: Blue Спојлер: Pink
Па ок штом викате дека не е проблем, би облекла и сандали. Марта тие што ги прати многу ми се свиѓаат. А сега гледам и овие сините на Бриар се прејаки. Ќе се помислам уште малку имам време.