Секако зависи од времето. Ако е топло, тогаш нема проблем да одиш со сандали, но доколку времето е поладно сметам дека би било подобро да се облечат класични салонки
Дали во доцна есен може да се искомбинира карирана кошула врз тенко еднобојно црно џемперче? Знам дека кошула обично се носи под џемпер, но би сакала да пробам вака. Или не се носи така?
Феминки ако може мала помош Купив ко овој фустан, само напред деколтето е позатворено, друго се исто, и бојата. Се двоумам дали да го носам со исти вакви сандали само црни, или со крем штикла шпиц. И за накит ако може предлог.
Црни сандали, дефинитивно. Јас би ти предложила нежни обетки само и собрана коса. Така мислам до израз ќе ти дојде фустанчето кое е преубаво.
Сега не знам како тоа би изгледало,ако сакаш да пробаш нешто ново.Но мој совет е да ја носиш кошулата под џемперот,со некои фармерки и бели патики,би изгледало многу убаво.
Јас не би со црни сандали, многу темно ќе биде. Бојата е преубава и многу убаво ќе стои со крем штикли шпиц. Од накит би носела некои обетки, а може и алка ама јас не би зошто не обожавам многу накит.
Фустанчево е преубаво, со крем штикли шпиц, обетки ептен нежни и јас би ставила некој едноставен златен часовник. Ми делува некако елегантно така
Јас сум за црни сандали, моделот да биде како на сликата. Комбинирано со златен накит и ако имаш златна ташничка која не е лакована/премногу светкава или клач со монисти. Крем салонките остави ги за некоја есенска комбинација. Ова повеќе ми се допаѓа: Отколку ова:
На оваа комбинација каков накит иде? Веројатно ланче, пошто блузата е обична и еднобојна, ама какво ланче? Предлози плииис
Можеш од оние гломазнине ланчиња со камења или цвеќиња во боја, во тон со оние на сукњата, за да се избалансира едноличниот горен со цветниот долен дел од комбинацијата. Спојлер: предлози А ако не сакаш нешто олкаво, мислам дека и со неколку тенки сребрени или златни ланченца би било океј, иако нема да доаѓа толку многу до израз како со нешто поголемо. Спојлер: предлози
Според мене не ни мораш да ставиш ланче. Сукњата има доволно богат дезен кој ја разбива едноставноста на блузата. Повпечатливи обетки би биле доволно.
Добар ви ден Ајде и јас тука за малку помош од ваша страна Соодветна гардероба за свадба покрај базен на поодамнешни пријатели во септември ? Дали да купам нешто што би било соодветно како и за во ресторан или сепак нешто друго? Во план ми е да земам фустан, ама каков за да би одговарал на пригодата
https://images-na.ssl-images-amazon.com/images/I/41zj5CeP7LL._AC_UL260_SR200,260_.jpg Имам иста скроз.Некако материјалот ми е зимски не ми е толку за лето, но гледам девојчиња што си носат ваква и во лето.Па, сакав да ве прашам што мислите вие? Со што би ја искомбинирале? Доста е специфична бојата па не ми иде баш на се. И дали би ја носеле во лето?
Зависи материјалот каков е, од сликава не можам да го забележам. Ако е некој тенок, во кој нема да ти е жешко, тогаш зошто да не, моделчето е баш супер, а и бојата мене бар ми е преубава. Горе би ја носела со некоја маичка или топче, во поглед на боја/дезен: со цветен дезен, кремава, кафена, нежна розова - праска боја, црна, жолта, портокалова, леопард принт, итн., има многу можности Спојлер: слики
Сакам помош.. што ланче или што накит ке оди на овој фустан? Според мене нешто златно.. ама во каква форма? обетки не носам, имам алергија (верувам дека и дупчињава ми се залепени).
@mariz мислам дека со овој фустан ќе одговара само алка или прстен бидејќи и самата кажа дека не носиш обетки, а да ставиш ланче не би ти препорачала поради карнерите на горниот дел од фустанот кои се доволни како детали за изгледот. Црната боја е познато дека одговара со буквално секоја друга боја но бидејќи ременот на фустанот е златен, може да ставиш нежна златна алка или прстен. Исто така би ти препорачала да не го носиш горниот дел од фустанот како што го носи манекенката на сликата туку малку повеќе да ги спуштиш ракавите . Доколку не ти се допаѓа многу ременот и ако тој се вади, можеш да ставиш било каков друг ремен и во која боја сакаш ...
Трудна сум скоро 8ми месец, малку и поинаку ми стои фустанот... ама ке пробам така дали ке ми стои па некои од пријателките ме советуваа па ланче да ставам... незнам стварно ке размислам, а и да пробам најдобро... карнеров башка некако поголем е на фустанов мој... не е толку краток, како подолг да е..