И јас си ги дигнав чизмичките и ќе ги облечам дури наредната зима. Ова време ми е повеќе за балетанки
Ете баш денес многу ми беше смешно во школо. Кој со чизми до над колената, кој со кратки ракави и отворени балетанки.. секакви примероци За некој е зима, за некој лето.. Како се чувствувате така носе си, гајле ви е
Јас си ветив, уште утре и готово.... Инаку ќе пукнам додека смислам нова комбинација, а и оправдано е.... Ќе ми бидат голи нозете, па да не се чувстувам како да е лето со салонки..Не се смејте ако видите некоја таква утре... Можно е да сум јас, хихихихих Фала ви на сите..
Ова време е само за балетанки или за салонки некако веќе ми е топло за чизми јас моите си ги дигнав за наредното зимо
Епа ме предомисливте, утре после факс одам да си купам салонки од ГТЦ.. Каде можам да најдам удобни салонки до 2000 денари ? sorry на офтопик
Времево е променливо многу, вчера на 12 денски степени таман беше за чизми, јас и со чизми смрзнав А денес се сварив во чизмите на 22 степени. Иако насабајле и навечер е ладничко, и мене ми е ладничко со балетанки и проѕирни чорапчиња. Мене сеуште се ми стои во плакар и си пратам временска прогноза што да носам Али видов уште пред 2 недели луѓе со сандали. За мене е тоа апла прерано. Јас сандалите ги вадам во мај.
Е да вчера беше времето за чизми, мене ми беше мака што не си ги облеков но денес беше топло за нив, па и јас на школо си гледав кој со високи чизми над колената, кој со маица, секакви варијанти.
Како да ги искомбинирам овие панталончиња?Вакви исти се,само имаат повеќе поситни копчиња и без ти е гајките за каиш се.
Леле, ама се убави Носи ги со кошула, високи штикли и голема ташна.Кога ќе затопли и со сандали.За мерак
Со маичка на прерамки, која не е залепена за тело (можеш и некоја кошулка). Стави ја во шорцевите и подизвади ја малку (знаеш, да добие ефект како вреќичка). Еве вака Стави некое тенко каифче врз појасот и дилемата е решена. Можеш да го носиш со сако или со некое црно палто. На нозете мислам дека би одговарале и салонки и балетанки
Ептен ти се убави Баге. И јас исто гласам за среднава комбинација ко на Гвинет па и со тие шпиц штикли, преубави и се. Е сега тоа ти е ептен класична варијанта. Јас би избрала некоја поопуштена кошула, нешто во мој стил - што секако не мора да ти се допадне, но еве ти идеја Со вакво некое кошулче. Или вакво само ставено внатре и малку извадено да делува природно и ноншалантно. Или блузичка во ваков стил Со некој интересен каиш, некои темни хулахопки, зависи во какви бои би била облечена и јас би ставила кондурки на платформа или на полна штикла. Евентуално некои каубојски чизмичиња доколку избереш опуштена варијанта со некоја од кошулите Или кога ќе се стопли малку повеќе, обична бела кошула во индиски стил и овакви патичиња. Ехееее имаш можности како да ги комбинираш панталончињава. Супер се и создравје да си ги носиш
Девојки може ли некоја да ми каже со што може да ја искомбинирам оваа кошулка,може ли со неа нешто да се изведе или не,сакам да ја носам за излегување ама не ми текнува комбинација-помош?
Ани ваква слична кошулка носи Боа Виста skrieno-katce/modni-kritiki-za-ne-tolku-hrabri-feminki-t5066/1110.html Одлично иде на фамрерки.
Што мислите за овие ? имам вакви слични само што напред не се толку отворени и напред се набрани Никогаш до сега не сум ги облекла не знам ни со што да ги комбинирам