Ви благодарам на сите што одвоивте време да одговорите. Станува збор за прослава после веридба (на одмор помеѓу нив) и по тој повод ќе бидеме собрани во ресторан. Се размислив ако се одлучам да го носам ќе биде со овие ниски чевли што ги имам, најмногу од причина да ми биде комотно, во случај ако заиграме нели
@blessed.an Фустанот е од H&M Германија. Со маки го начекав на попуст од 30 на 15 €. Којзнае колку дена го отварав h&m.de додека да го ставам во корпа. Го имаше и во розева нијанса. Дамнешна желба ми беше ваков кошула фустан.
Хај грлс. Ај хев ноу ајдија уат то уеар он д вединг. (Абе тешко е вака да пишуваш) Да ставам тука слики од фустаните или да одам во скриената тема,овде ќе ми ги избришат ли? Вака нешто Или вакво нешто? Само моделот да го доловам,не се истите како на сликиве. Уич уан до ју лајк мор? П.С. И двата модела стојат на мојава става.
Јас сум за првиот ич неќум уз тело ствари ... во Ламас зирна ли? И овде ѕирни. Може ќе најдеш нешто далеку поефтино од Ламас е.
Ако си згодна и вториот модел одговара на твојата става, догаш дефинитивно вториот. Греота е широки колкови а тенок струк да ги сокриеш во првиот модел. Жени кои имаат фигура на песочен часовник не треба да се кријат во широки фустани. Сирена-фустаните се идеални за таа градба, а рака на срце, не одговараат на жена која има тесни колкови а широки раменици или обратно, тесни раменици а широки колкови.
И јас се согласувам. Црниот фустан со сако повеќе ќе ти одговара. Вториот модел не стои на пониски девојки поради должината.
@ph.orhideja првиот. Поубав е. Во вториот ќе си посекси ама мене бојата и моделот не ми се допаѓаат. Веќе те замислив во првиот, дама.
Вaкви фустaни се нoсaт сегa пo свaдби? Кутри невести, пoрaнo единa нервoзa беше aкo некoјa другa е вo белo, сегa кoмoтнo мoжaт сите дa јa зaсенaт и дa немa кaкo дa се пoжaли
Женски фустанов на сликава е по кежуал да речам, го имам искомбинирано и за на сандалки на штикла и на пониско..материјалот е обичен маица материјал..дали ќе одговара да го носам на свечен настан на сандалки на штикла или би било срамота дека е ваков материјалот?
@any_xx Здраво! Се согласувам дека фустанот е супер за casual варијанта, меѓутоа сметам дека сепак не одговара да го облечеш на некоја свечена прилика. Без разлика дали ќе комбинираш со сандали на штикла и накит или други модни додатоци, сепак се познава дека фустанот едноставно не е за таа прилика. А дали можам да прашам за каков свечен настан станува збор? P.S. - да беше материјалот поинаков, можеби ќе одговараше но овој материјал некако не ми прилега за некој свечен настан ...