А каде ќе се слави дента? Ако е во куќа, тогаш би можело, иако предлагам дека сепак и тогаш треба да се облече нешто што не е до толку casual како на пример сукња ...
Да дента во куќа ќе биде само знаеш сите оние адети по невеста, венчавката и сл. Ама ќе треба нешто друго да си барам сепак да размислам
Иако можеш да го облечеш фусанот, јас сепак предлагам дека и покрај тоа, може и некоја подобра опција да се најде Јас мислам дека би било убаво да се облече сукња и да се комбинира со нешто. Мала разлика а сепак ефективна...
Девојки црново фустанче со какви штикли и што боја да го носам какоф накит? Стои убаво уз тело доле пуштено.
Според мене се што нема да биде тегет,црно,кафено или друга темна боја... Секоја боја што е посветла ќе стои убаво и ќе ги доловиш така и аксесоарите,а и фустанчето. Инаку едноставно е,а преубаво Јас лично ланче не би ставила, некои повпечатливи,а нежни обетки,часовник или нараквица во иста боја како ланчето мислам дека би биле доволни
Девојки ваков елек со што би го носеле? блуза каква? на нозе? го купив ама не е ич мој стил и незнам со што да го комбинирам..
@ivanchos вака нешто? Мене ми се допаѓа моделот, само би го извадила каишот. Мислам дека убаво ќе стои со едноставна црна блуза, скинати фармерки и црни патики или бели конверс патики.
Женски драги, ми треба помош како да ја искомбинирам ташнава. Некои по лабави комбинации ко за на факс. благодарам однапред
Супер би изгледала цела комбинација во црна боја, чантата би дошла до израз, прекрасна е, освежи со кафена марама. Фармерки или црни панталони и блуза/палтенце со боја на рачките
Ми треба совет за забава утре. ПРВА КОМБИНАЦИЈА: Слична маичка како оваа, потесна и позатворена само. Со високи фармерки за да можам да ја пикнам внатре + некој кожен каиш да си купам Истава јакна, над маичката ВТОРА КОМБИНАЦИЈА Потесна маичка, малце поразголена Со оваа сукња, фишнетс, истата кожна јакна од претходната слика. А за на нога се мислам за едни чизмички до глужд, високи и ко мартинки се лаковани или чизми до колено црни високи
Дефинитивно втората комбинација поразлична е и несекојдневна, башка многу ти е добра сукњата, жално ќе биде да не ја носиш.
@Hellobeautiful за шминка или нагласени очи а светол кармин или темни усни, бордо кармин или вино боја.. а накит едноставни обетки оние како алка што се сребрени големи или мали ти ќе одбереш кои ти стојат најдобро според мене би било најдобро да ја собереш косата во репче за подобар ефект
Сега уште да склопам се во едно и да се надевам дека убаво ќе испадне . Ти благодарам многу уште еднаш.