@sweety90 фустанот е навистина пресладок Бидејќи е црно-бел, сметам дека секоја боја би одговарало во комбинација со него. Убаво би одговарало да облечеш розови штикли и ташничка. А за накитот, би ти препорачала да не претеруваш бидејќи долниот шарен дел од фустанот ќе привлекува доволно внимание. Можеш да ставиш мали обетки Или пак нежна алка Еве како приближно би изгледало комбинирање црно-бел фустан и розови додатоци... Сепак, доколку не ти се допаѓа розовата боја, имај на ум дека можеш да ја одбереш било која боја. Се надевам дека успеав некако да ти помогнам
Мене лично црно-бело во комбинација на сино ми е многу убаво за око. Сепак со било која боја на салонка би изгледало убаво. Ти ставив сребрен плик поради тоа што мислам дека е подобро да не биде во иста боја со чевлите. Ако не носиш ланче можеш и подолги обетки да ставиш.
Да ми предложите накит кој би одговарал со комбинацијава здолништето е тегет а кошулата е светло розевка и на џебовите има бисери
@pharmacy а која боја на штикли ќе носиш со оваа комбинација? Јас би ти предложила да ставиш мали бисерни обетки А врз кошулата помасивен ѓердан
Ако на џебовите има бисери кои се добро видливи, освен обетки и алка не ставај ѓердан за да не изгледа комбинацијата натрупана.
Епа ако облечеш и светло розови штикли, би ти предложила да ставиш ѓердан сличен како на сликите но со малку поинаква нијанса на розово Спојлер Или темен ѓердан да направиш контраст Спојлер Или ако сакаш нежна варијанта, со бисери Спојлер Или нешто цветно, со рози или мотиви на рози Спојлер
Девојки дали носите ролки? Со каков накит ја комбинирате? Јас многу ретко носам, но лани си купив бела и не ми е облечена уште, сега ме фати мерак да ја носам, па предложете како да ја комбинирам.
Јас ролки кога носам, најчесто косата ми е фатена за да не ме затвара уште толку и носам hoop earrings. И ретко кога комбинирам со некое карминче за да ми го истакне лицето повеќе.
@Avery, @marta993, @Hellobeautiful ви благодарам, ќе ги применам советите и во пракса. И уште едно прашање Дали ви се допаѓа овој модел на капут? Дали би го носеле и дали воопшто се уште се носи овој модел и крој? Како би го комбинирале? Подарок ми е, не стои лошо, но се двоумам дали да го носам или да го подарам на мајка Како на првата слика е, со четири копчиња, црн, а моделот, џебовите и материјалот се како од втората слика. До под задникот ми е.
Јас имам сличен капут како тој на првата слика, само без џебови. Мене ми се допаѓа како модел, али многу ме прави широка во рамења па затоа и поретко го носам.
@shining_star јас би го носела многу ми се допаѓа. Класика, одговара и на рамни и на штикли Најважно е како тебе ти се допаѓа и дали се пронаоѓаш себеси кога го носиш ) за комбинирање што и да ставиш било каква марама, шал, ташна нема да згрешиш затоа што е црн и таква му е формата да ти дава слобода да си го комбинираш како ти сакаш.
црни хеланки со црно сива кратка блуза во комбинација со патики или чизми?се работи за дневна прошетка низ центар
Со кратка блуза, јас не би носела. Знам дека носат и со чизмички, ама јас сум за со туника некоја + патики(убаво е времето).Еве разни предлози,па одлучи си
Наместо хеланките, ако имаш црни тесни фармерки облечи ги нив. Слично ќе изгледа а овој предлог ти го давам бидејќи и јас не сум за комбинирање на хеланки со кратки блузи. Или пак смени ја блузата, облечи некоја подолга. Така супер би стоело во комбинација со чизмите.