] ама секогаш носам со кратки блузи затоа што имам добра фигура и сакам да се познава само незнаев патики или чизми
@Принцезичка1 иако јас не носам хеланки ( не се во мој стил) сепак би ти препорачала да носиш чизми, а еве и неколку есенски комбинации за инспирација: P.S. - Мислам дека некоја девојка колку убаво тело и да има, сепак мене лично ми е многу невкусно кога ќе видам хеланки во комбинација со кратка маица. Воопшто не ми изгледа убаво да се биде "оцртана" меѓу нозете. Сепак ова е само мое размислување ...
Ти си знаеш, и јас имам добра фигура ама хеланки и кратки блузи не носам во јавност затоа што ми е непријатно да ми се оцртуваат интимните делови. Ако толку сакаш ваква комбинација тогаш обувките одбери ги во зависност од блузата. Доколку е по спортска тогаш патики, во спротивно чизми.
Девојки со каква боја салонки би го искомбинирале фустанов? Се мислам или крем, бебешко розево како самиот фустан или сиво. Идеи за некоја др боичка?
Боите што си ги навела би одговарале со фустанот но би можела да одбереш и други бои со кои навистина ќе се истакне комбинацијата. Јас би ти ги предложиле следниве бои: црна црвена/борда сребрена кафеава златна P.S.- Фустанчето е прекрасно
Дали ваков модел може овој период да се носат? Времево е баш топло, но бидејќи се отворени ќе треба без хулахопки да ги носам. Се мислам да не испадне смешно на есен со толку отворени и боса. Иначе ќе ги носам со долга сукња, припиена за тело а напред до коленици отворена. Сукњата е темно сива накај црна. Друга алтернатива е крем кондури, тие се целосно затворени, но црниве некако повеќе ми се допаѓаат со комлетниов изглед.
Во оваа сезона носат и чизми и сандали, макар што според мене сандалите веќе треба да се кренат во плакар. Но ако сметаш дека овие ти се подобра комбинација, носи ги. Што носиш нагоре, во која боја е? Јас мислам дека кремова салонка баш би ја отворила комбинацијата.
Нагоре планирав нешто вака слично, но со петличиња кои се крем-златести затоа и другата комбинација ви ја пишав. Иначе за свадба се работи.
Идеи за комбинација на фустанот од чевли, фризура, накит Иначе не се розеви цветовите туку кафеави со крем Ви благодарам и поздрави...
Јас би облекла црни салонки кои не се лаковани Спојлер: Салонки и месо боја хулахопки со многу ситна мрежа. Спојлер: Хулакопки ваква мрежа, но кожа боја. Многу ми се допаѓа како стојат, скоро и да не се забележуваат, ама даваат посебна елеганција и сексипил Можеш и кремасти салонки, исто убаво би изгледало (иако преферирам црни ).Ташна, зависи каква имаш. Мала плик или клач во црна или крем боја. Затоа што фустанот е доста богат, убаво би стоело косата да ти е едноставна. Пеглана или едноставно и “мазно” фатена. Спојлер: Фризура Од накит можеш мали обетки и нежна златна алка на едната и прстен на дрyгата. Нешто со модерен дизајн, во стилот на Calvin Klein. Спојлер: Накит
@ma4enceEdno Јас со овој фустан би искомбинирала крем салонка, нешто вака Спојлер: чевли Од страна на накит најдобро е нешто минималистичко Спојлер: обетки Спојлер: фризура1 Спојлер: фризура2 Спојлер: фризура3