Helloo beautiful ones. Наредниот петок ќе има мала after work party, а јас реално немам идеја што да облечам Некоја ваша идеја/предлог за модна комбинација ?
Е ајде да си прашам. На фустан во сина боја Спојлер: ваква Какви штикли најдобро би одговарале? Се мислам за бели или сребренкасти. И уште едно прашање. На црни штикли, подобро е бордо фустан или корален?
@Bitter-Sweet со таа нијанса на сино, сметам дека би одговарало црна, сина, крем, беж, црвена или борда, сребрена, леопардов принт и бела боја. Инаку за второто прашање, јас би одбрала борда боја на фустан.
@Bitter-Sweet на таков фустан јас би облекла или црни, или сребрени, може и кремасти. А со црни штикли јас би носела бордо боја фустан.
Според мене светкави фустани, гледам најмногу тоа го има по продавниците кај нас и во Грција бев минатиот викенд.. Црни, златни тие се хит според мене Можеш да си ставиш чизми високи со некое интересно фустанче, туниче или пак чизми со кожни/скаени пантолони/хеланки со некое подолго кошулче и така би било интересно или пак сукна )
Спојлер: . Ќе стои со оваа комбинација светло црвен кармин? Што викате? И што мислите за комбинезонот?
Ќе стои, зошто да не стои. И нокти црвени ќе стојат Јас лично не би го носела зошто не е мој стил, но во целина и комбинезонот и комбинацијава ми се допаѓаат кога друг ги носи
Дали можам ваков модел фустан во сива боја да искомбинирам со сличен модел кратки кафени чизми како на сликата подолу (4) И идеја за додатоци (накит, колан...)
@zuto би се сложила со хулахопките да бидат темни, а накит би одела на златно и не нападно. Ташната по можност да ти е исто кафеава.
@Luminary @Kitten, а каков накит би ми предложиле? Не носам накит и не сакам да е нешто пренападно. Дали некое долго ланче или пократко? Накитот ми е слаба страна :/
@zuto Се согласувам дека би било убаво со дискретни обетки. Друга опција ти е долго, не многу впечатливо ланче како на втората слика.