Ако би ставила дискретни обетки тогаш би ставила и долго ланче. Јас би ставила и поголеми обетки, на пример златни алки @zuto
Не сум тип кој носи злато, а ни пак алки. Сепак ќе биде нешто дискретно, дефинитивно. Фала ви на сите за советите
Девојки бело најобично фустанче до колена со каква боја на штикли? Да не се црни- досадна комбинација ми е. Јас сум за жолти ама дека зима е ...
@Dennings мислам дека секоја боја би одговарала. Ама ако сакаш поразиграна комбинација, би можела да облечеш чевли со некаков принт на нив.
Ако имаш лилави убаво би било. Исто и кафени. За жолтите Збогатени со некое коланче, накит со жолта златна боја
И јас сум најмногу за жолти ама ме двоуми тоа да не се летни и да не не одат периодов. Инаку ваква комбинација ми е прекрасна
Имам само црни и крем.Што не сакам да ги носам. Сега за оваа прослава сакам да купам .Затоа и не знам какви да барам.
Ако купуваш гледај да ти бидат и за со други комбинации погодени. Бордо или лилаво се убави зимски бои. И за со бело се супер комбинација. + некој моден додаток со иста боја ко чевлите и супер ќе си Туку кога веќе сум на темава, да прашам замислење. Би носеле ли зимски пантолони со 3/4 должина оваа сезона? Си ги најдов моите од порано, карирани со сиво црно а гледам такви по дуќаните, но моите се до колена.
Зависи, јас имам црни класични зимски панталони малку подолги под колено ама се широки и ги носам над високи тесни чизми на штикла.
Комбинација такви пантолони со чизми јас носам. Дали оваа сезона се ин стварно незнам, никогаш слепо не следам сезонски трендови.
Вакво здолниште, можеби само уште малку пошироко. Планирам да го носам на прослава неделава, ама со што? Ич не сакам бели кошули, сакав со тегет, ама ме убедува сестра ми на бело да го носам Било какви идеи и предлози се добредојдени.
бело навистина убаво ќе одговара и ќе направи контраст меѓу боите ама можеш да пробаш и други бои како на пример црна, сива, пастелно розева...
Знам дека бело ќе одговара, последно што ми падна на памет беше со бела кошула, тегет обетки и тегет салонки, или да тргнам и на бордо салонки Вака ми иде да го спакувам до пролет кога ќе бидам пошарено расположена
@DAngel Интересна комбинација со тегет бојата. Имаш и повеќе опции, на пример не мора се да биде еднобојно туку и со некој принт да искомбинираш бидејќи сукњата е еднобојна
И тоа ми падна на памет. Уф, тешко ми е уште потешко што ич немам време да шетам ќе мора да ја жртвувам вечерва
@DAngel A дали би сакала да искомбинираш крем ролка со некое интересно ланче или обетки со собрана коса и бордо кармин Еве неколку слики да видиш како би изгледала ролка со таков тип на сукња и друга слика, со комбинација на крем и бордо.
уште поубаво би било доколку имаш високи кафени чизми. Ама на крај се се сведува што ќе си одбереш ти, што ти се допаѓа тебе најмногу и во што се чувствуваш најубаво и најудобно.