Добро, не се баш чизмички, повеќе се како кондурчиња на мала штикла. Сепак гледам да ја свртам комбинацијата кон салонки. Високи кафеави чизми имам, ама не одговараат со стилот на здолништето
Девојки со што да ги искомбинирам плишените блузи? Од кај се врати материјалов на мода се чудам? Со тексас не оди со тенки панталони/сукна исто а плишан долен дел немам и не планирам да купувам.
Каква шминка би одговарало на фустанчево? Гониот дел е чипка црна а под гради надолу е ваков свилен материјал со некоја темно виолетова боја и сиви нијанси. Сакам smooky eyes, но се мислам каква боја на кармин најмногу би одговарало. (Се надевам темава дозволува и шминка комбинации).
Што мислите дали и какви обетки би можела да носам со ваков чокер? Скроз ист е, имам на златно и сребрено, и сакам да носам некои висечки обетки а да не делувам ефтино накитена..
Зависи од моделот на блузата. За вечерна варијанта можеш да искомбинираш со класични панталони. А не знам зошто ми се уврте во глава дека би стоело добро и со кожни хеланки/панталони.
@IM.TMKQ Фустанот е доволно впечатлив сам по себе, така што не би експериментирала многу со кармин со кој целиот изглед би бил многу нападен. Мој избор е nude кармин со не премногу истакнати очи.
например со кошула бела можиш малку поширока само едната страна во сукната ке ја ставиш можиш некој хулахопки дизајнирани или обични црни и чизми над колена или обични
Утре сме на мекици во ресторан. Фустанчево ми е поклон од свекрвата од пред 2 год. го бива за утрешниот повод или да барам нешто друго?
Јас ги комбинирам со црн обичен фустан, бел можеш ама фустанот да е обичен со ролка стое убаво со некоја обична блуза.. можеш со било што ама фа е еднобојно..
Moze malku pomos..za vecerno izleguvanje koj vi se dopagja najveke sakam da go nosam i na svadba i za navecer.. spored vas?
Не знам дали ми е соодветно прашањево во темава ама не знаев каде да го сместам. Во јуни сум на блиска свадба, па ќе ми требаат две младалачки комбинации (дневна и вечерна). Доколку сте во можност да ми дадете предлози што би можела да облечам. Прилично е рано ама планирам да шијам, па затоа ми требаат повеќе идеи. Ако најдам и готово нешто што би ми се допаднало - уште подобро.
Не сум баш спортски тип кога станува збор за облекување, па ми треба совет. Пример кога ќе носам хеланки/тренерки, нагоре со некое дуксерче, каква чанта да носам? Поточно прашањето ми е кај да ги ставам телефонот, пари.. најбитните работи? Значи не ми треба голема спортска торба како на сликата подолу туку нешто помало. Може и сликичка некоја за пример Спојлер