Ако не си многу спортски тип, можеш нешто вака: Ташната се прави и ранец. Па ќе можеш и на елегантна облека да ја носиш, а како ранче на покежуал облека. Барем целосно ќе ја искористиш.
Си купив ваква боја на пантолони и кошула бело со истата боја. Сега ме мачи каква боја на штикли да носам? Иначе комбинацијава ми е за на прв роденден во ресторан. Ги пробав со истата боја ама некако монотоно ми беше, а бели не сакам да носам. Предложете нешто...
Црни, сиви, мастило боја, виолетови - имаш многу опции. Би изгледало интересно со часовник или накит во иста боја а бела ташна. Сепак и класичната комбинација на ташна-чевли во иста боја е океј.
Крем, или иста боја како фустанот за чевли Накитот крем,црн,прозирен.Јас би со менѓуши кристални(безбојни) и голем впечатлив прстен.
Предлог некој за обувки за ваков сличен модел? Имам слични сандали, ама не би нив, ладно ќе биде сеуште. Можеби сребрена салонка?
Прво би требало да одредиш што ќе носиш горе, па потоа штиклите. За горниот дел би ти одговарало нешто тесно(припиено за тело) затоа што сукњичката е широчка и со широк горен дел би изгледала како буре Е сега за како да изгледа горниот дел имашшш премногуууу избор ама тесно.
@kate89 бидејќи сукњата е во црна боја, тоа ти дава можност да правиш комбинации со скоро секоја боја. За горен дел, можеш да облечеш корсет, боди, crop top, etc.
Си купив вакви хулахопки-чорапи уште од пред некое време ама не сум ги носела. Некоја идеја или совет како да ги вклопам во комбинација?
здраво, може ли низ слики да ми покажете некоја добра машка комбинација (панталони, кошула, сако) која боја да ја искомбинирам? поздрав
@simonka93 и јас сакам да ја искомбинирам блузата со нешто посвечено, но никаква идеа немам. Со сукња некако не ми оди, можеби со панталони Сакам идеа и од тебе и од останатите со што да ја искомбинирам. Се работи за ова блуза Спојлер
Мислам дека би одговарала со ваков модел на панталони А зошто да не и со сукна, вака на пример Спојлер ова е моја комбинација