Може со црни тесни пантолони долу тесни и салонки или може тесни пантолони во боја бели розе праска...
Дајте некоја идеја како да комбинирам блејзер (освен со фармерки) во секојдневни опуштени комбинации, да не е канцелариски изглед интересно ми е во комбинации со патики ама сум слаба со идеи за целокупен изглед како тоа да го составам..хелп
Каков прслук да облечам на фустан со ваков гол грб? Имам премногу мали гради што не можам ни од тие силиконските што се лепат само да ставам затоа што прво не знам дали ке најдам толку мали, второ од напред фустанот нема да стои убаво ке бидам рамна како даска подобро би стоело со некој прлук пушап. Со силиконска прерамка само позади исто така нема да стои убаво :/
А да однесеш на шнајдер пуш ап прслук и да ти го сошијат од напред? Да го сецнат од позади па нека ти стои како корсет ако ме сфаќаш како мислам.Сличен проблем имав и јас за полуматура бидејќи фустанот ми беше без рамења а јас сирота даска бев па прерамките од прслукот ги сошив на фустанот и гајле немав.Малце ми паѓаше прслукот ама се местев тоа е..не можев со силиконски рамки бидејќи ги кинам во рок од 10 минути.
Верувај дека многу подобро ќе стои без прслук, баш поради тоа што имаш мали гради. Ако ставиш пушап на ваков фустан ќе изгледа неверојатно фејк. Можеш да си купиш покривни лепенки за брадавиците, за да не ти се познаваат (ако не ти се брза, ги има на алиекспрес, а ако ти е за итно провери во Њу Јоркер, на тоа кај што се закачени наочари и накити; исто можеби и на пазар има). Ептен ако си решена за прслук, нарачај си или побарај во Сара фешн, Пенти ваков што се закопчува напред и што се лепи.
И јас тоа помислив на шнајдер ама така за матура се зезнав имав исто фустан со гол грб и ми го соши шнајдерката прслукот на фустанот и ми паѓаше многу после тоа прслукот како да ми лебди се осеќав, многу многу неудобно и на крај земав со силиконска прерамка само позади на грбот и многу лошо стоеше и морав така да го носам немав друго решение....
@Tiniiic ако имаш скрос мали гради и јас сум за без прслук, нема да е нападно ниту вулгарно, освен ако не е многу провиден..
Значи маслинеста боја фустан, долг, сирена крој, ќе го носам со црни сандали на штикла и црна плик ташничка. Прашањето ми е, каков накит? Веројатно ќе бидат обетки, но во каква боја? Не сакам црни.
Златни, портокалови, црвени, color block (шарени)... Јас лично најмногу сум за златни, ќе те отворат, бидејќи со црното на маслинесто доаѓа инаку многу темно и затворено
Фала ти за идеите. А видов и едни вакви слични, со иста боја на камчиња како на сликите, така долги и елегантни. Или и со нив би било пак затворено? Спојлер: Слики
Прекрасни се, можеш вакви Со нив можеш да искомбинираш и некој прстен или алка (бидејќи обетките ќе се долги, јас не би вклучила ланче).
Девојки вечерва облеков крзнен елек врз палто за на црква, али мислам дека веќе не му е време... мислења??
Јас се уште го облекувам, не врз палто, но со фармерки и кошула, или потенка блуза, пред некој ден со фустан го искомбинирав...тамам мие.