Можеш кошулка интересна не мн свечена или блуза црна,сива или бела.Јас би и жолта или црвена.Ама зависи колку сакаш весели бои .
so sto da go kombiniram ova sako? Napraviv vakva kombinacija Ama ne mi se sviga, sakam nesto poednostavno nekako so farmerki i beli patiki(ne sportski,onaka ubavi) da go oblecam, ama ne znam kako...?????
Пробај со црна маичка и црни фармерки, патики бели и сакото... без накит, часовник евентуално, со убаво репче, јас така би го искомбинирала.
Светли фармерки искинати, бела маичка со округол отвор или шарена со некои светли јаки бои, патики која боја сакаш и помала ташна дали црна или друга боја поопуштено и лежерно, а сепак средено и привлекува внимание
Ваква сукња, тегет тул со месечинки и ѕвезди, ќе носам на свадба во мај и ми треба предлог за горе што да носам. Еве ја на слика ама не се гледа баш добро (ќе сменам постава за да биде иста должина со тулот), многу е слична на таа доле прикачената. Каков горен дел да носам? Другарка ми вика кроп топ дека оди на ова, ама не сум баш смела за кроп топ..
Јас би ја искомбинирала со боди или топ нешто како овие од линковит https://shop.mango.com/mk/women/t-s...019038.html?c=06&n=1&s=prendas.familia;18,318 https://www.bershka.com/mk/women/cl...93219p101449508.html?colorId=148&stylismId=01 Какви штикли планираш да носиш?
@sexymia Ау ова од Бершка колку е убаво! Па јас обично носам вакви сукњи по свечености и ги комбинирам или со тесна блуза или со вакво нешто лелеавко, па виси од сукњата горе. Мислев некако да сменам, па затоа барав сугестии... Али ете пак се враќам на старото, како блузичево од Бершка (и ми се свиѓа што е металик ама не пренападно, па оди со сукњата). Сепак, отворена сум уште кон други предлози, рано ми е уште да го купам блузево
Ја би со црн кроптоп или боди црно или нешто металик.Сиво, црно, розе.Доле можеш со сребрени балетанки.Во tally во Сити мол провери секогаш имаат нешто за вакви комбинации.
Можеш со ролка црна и некоја добра штикла,мене искрено на вакви панталони предобро ми изгледа комбинација со ролка тенка и онака денеска времето не е за кратки маички ) или како штиклите ако имаш некоја маичка ) Ако имаш толку мали гради како што викаш и не можеш со силиконскиот прслук што се лепи залепи ханзаплас имам другарка што го има истиов проблем како тебе и секогаш кога треба да облече нешто вакво си лепи ханзаплас и воопшто ништо не и се познава,пробај си види
На почеток на јули сум на свадба (на блиски луѓе), па иако има доста време до тогаш сепак сакам своевремено да се подготвам. Сакам да го носам фустанов, само се двоумам дали за преку ден (матично, црква...) или за навечер. Што мислите со какви чевли, ташна, накит не љубам воопшто, најмногу би одговарало. Првичната идеја ми беше крем шпиц салонки и clutch ташничка во истата боја. Само црно да не е.
Фустанот е преубав, елегантен Јас би го носела навечер. Со крем салонки и ташничка како што и ти мислиш би било супер. Од накит би ставила само некакви обетки и алка, нежни и не премногу нападни бидејќи фустанот е доволно впечатлив сам по себе.
Веројатно ќе ставам само една алка и тоа е тоа. Сега ми останува да планирам за дневната комбинација.
@zalosna не се гледа убаво, памучно ли е фустанчето? Да не е сатен, инаку би одговарало..тексасот ќе ја надополни комбинацијата, мислам дека би било убаво за око, пробај
Со кремасти некако многу бледа ќе биде целата комбинација.. Бордо е супер идеја, исто и светло-кафеаво (вака нешто) или ваква сина
Според мене кафено, сино, тиркиз, виолетово и др. супер одговараат според бојата, но затоа што материјалот е многу нежен и свечен, мислам дека повеќе иде крем или бордо. Инаку, праска боја со сино и онаа ројал зелена ми е , но не и за овој материјал