https://scontent.fskp2-1.fna.fbcdn....=f4a708a40ca84a560d7e72a13e413775&oe=5B64FDD4 Девојки дали овие ќе одговараат со некои кошулки и фармерки или некое фустанче?
Ги обожавам ваквите панталони. Јас би ги облекла со едноставна маичка, и со накит би “играла”.... некоја голема огрлица...
Како би ја искомбинирале кошулава? Бојата на линиите и цветовите во живо е малку посветла, а на сликата изгледаат потемни.
На фустанов каков накит одговара? И дали оди со сандали црни со ремчиња вакви https://ae01.alicdn.com/kf/HTB1NpgA...artido-Ver-o-Marca-Elegantes-Saltos-Altos.jpg и плишана црна плик ташна? за на роденден кај другарка ми е
@Ellier Апсолутно оди комбинацијава, едноставно а толку стилски и секси За накит можеш се, зависи што носиш повеќе, дали повпечатливи ланчиња или нешто понежно.
Можеш фармерки, кошулата приберена во нив и малку подизвадена. Бели панталони би изгледале супер ако имаш. Исто и еднобојна сукњичка од тие лелеавите А-line. Дури и тесна тексас сукња би била супер. Јас би облекла нешто црвено на нозе и ташничка во сличен морнарски стил (мислам со таа комбинација на бои - бело, тембо сино и црвено). Нема утка, кошулава е супер за комбинирање.
Или со фармерки или со тегет панталони ама не многу елегантни туку по спортски. Надолу или штикла а можеш и со балетанки секако ќе одговара.
Ваков фустан со ланче или обетки да го искомбинирам? Само на мојот двете раменици се голи, не само еднато како на сликата
Ми треба малку помош. Овој фустан најубаво стои со ваква фризура но мене ми е кратка до некаде клучна коска. Што можам да сторам со косата за да стои фустанов? П.С. За на свадба ми е...
Фустанов трпи разни фризури, не мора да е стриктно долга и пеглана. Штом ти е до клучните коски значи имаш лоб (долг боб), така? Можеш нешто вака, брановидна: Спојлер: Слики А можеш и делумно потсобрана: Спојлер: Слики