Девојки, на црнобели пантолони (со риги), црвени штикли и црвено сако, каква кошулка да облечам? Пробав црна, ама како да ме "затвора".. Бела можеби?
Имам фустанче ваква боја, црно-златесто металик, до колена. Го имам носено со црни салонки и сакам да сменам сега но не знам што боја би одговарала. Го пробав со златни чевли и не стоеше убаво, сакам некоја разиграна боја.
Пројде свадбата се решив за полуметалик златни штикли и исто таков плик, убаво излезе не бев многу "златеста".
за дневно излегување со што би ја искомбинирале маичката,каква боја на ташна,фармерки и патики или балетанки? маичката е иста ваква само има црн натпис
Бидејќи е бела маичката со секаква боја можеш да ја искомбинираш. Светло сина фармерка, црна фармерка. Можеш и со патики а и со балетанки. Ташна зависно на која нијанса се панталоните дали потемна или посветла.
Еве убава комбинација со црни пантолони и сина ташна. Вака нешто со бој џинс или обични сини за по класична компинација... А можеш и со вака нешто за по елегантно
На црвена тексас суќна и црни штикли што би одговарало?Се мислам или тоа или пак како што одговоривте на една членка црно бели панталони и таква маичка.
@Miss666 Бидејќи фустанот е black and white, би рекла дека скоро секоја боја би одговарала со него. Се зависи до твојот вкус. Ако сакаш интересен и разигран изглед, можеш да облечеш чевли со некаков принт (леопард, точки) или ако сакаш да ја освежиш целата комбинација, можеш да одбереш чевли во некоја боја, како на пример црвена, бордо, розова, жолта... (само внимавај на нијансата на боите) За накит, би ти препорачала долги обетки, и можеби некоја алка или прстен. P.S.- Фустанот е навистина gorgeous!
Срц, тегетен е фустанот, може на слика се гледа темен. Ја сум тапа за дотеруење, затоа си прашувам поискусни. Ама ете, и јас мислев дека нема да одговара ланченце пошо више има чипка таму. Фала тиии
Прво, фустанот е прекрасен! Јас сум поедноставен тип и јас би го носела со металик сандали и металик clutch чантичка. Ланче не би ставила, само некои малечки обетчиња и прстен.
Мислам дека иако фустанот е тегет, сепак би одговарале борди, црвени, сребрени или розови чевли. За чипката си во право, бидејќи како детал на фустанот, дефинитивно привлекува внимание па затоа би било најдобро да се држиш до минимален накит.