Го имам истово фустанче за на свадба ке го носам, и се мислам помеѓу светло крем сандали и жолти салонки ама не дреч жолти туку светло жолта боја нежна.Мајка ми ми вели со двете стои убаво, не можам да се одлучам. Што мислите вие?
Јас со крем би одела. Ако имаш некој накит или чанта што добро одговара на жолтите можеш и со нив. Но посмирена ми е крем бојата на олку истакнато-црвен фустан.
@Carolin. јас лично би ги одбрала крем сандалите - сметам дека тоа е класичен изглед и комбинација на бои со која не можеш да направиш модна утка. Но ако сакаш нешто понеочекувано, можеш да ги облечеш и светло жолтите сандали...
Стварно многу ми треба еден совет, пошто ум немам во глата веќе Другата сабота ќе бидам на свадба кај другарка, дома со мајка ми изнајдовме еден фустан шо буквално има поќе од 15 години од неа (слики во спојлер) незнам дали да го носам , ептен се бендисвам како ми стои ама да не е старомоден , ќе си пукнам од мислење веќе Ај кажете ми што мислите вие Спојлер
подобро со крем, накит(обетки) некој можеш да ставиш за да дојде до израз фустанот и ке бидеш топ ... убав помин Ги носат сега овие светкавите,не е лош според мене со добар накит и црна сандала ке бидеш супер
Феминки ми треба совет. Дали ми е добра комбинацијата? Пс. Заборавив прслуче на корсетот Или шо знам а ташничка каква боја? Да не сум многу розева
@angelche16, чевлите не ми се допаѓаат. Би ги сменила во некој модел како сликите во спојлер, крем или црна боја. Спојлер: Чевли Би додала и палтенце, сако или наметка, иста боја како чевлите. Спојлер: Палто/сако/наметка Во однос на ташничката, мислам дека идеално би било плик ташничка. Си правам замисла со ментол боја и мислам дека би се вклопувала во целосната комбинација, иако и друга боја да избереш би одговарало. Ова за ако е ноќна комбинација. Ако се работи за дневна, корсетот замени го со едноставна бела кошула или маичка и топ ќе е комбинацијата. Од накит можеш некои ситни обетчиња. Hope this helps.
Ако го носиш корсетот, панталоните да бидат во крем или бела боја како на сандалите или фармерки ако ги носеш панталоните, да смениш корсет со нешто во крем боја а ташничка можиш во крем боја
Мене ми е супер за на свадба. Плус, сега се ин овие светликавите фустани, припиени за телото. Доволни ке ти се убави големи обетки, црна плик ташна и црни сандали. Топ ќе си!
Немам ништо во план, ама најдов една од мајка ми кога била девојче и не сум баш сигурна со што би ја искомбинирала некогаш. Било каков предлог е добродојден
Со соодветни чевли скоро секоја боја можеш да ја искомбинираш. Ако е еднобојна сукњата, можеш да играш со боите за горниот дел. Црна, бела, крем, нежна жолта пастелна боја, пастелно сина, нежна розе, добро би завршиле работа. Јас би одела со пожива боја за горниот дел, а можеш и цветна варијанта за преку лето.
Купив нова маица па не знам со што да ја искомбинирам бидејќи е малку впечатлива бојата,имам каиш во слична нијанса,но не знам со што друго би одговарало,иста е како на сликата,за дневно искачање ми треба.
Јас имам слична на бретели и ја носам со кремасти фармерки (речиси бели) и кафени сандали. Можеш и со потемни фармерки или тегет суќња, бели панталони... Само што мојот избор на обувки секогаш би бил кафено.
Можеш со тексас суќна, или нај обичен џинс. Бели патики.Некој аксесоар, зависи што имаш, може саат или обетки (кружни,незнам како да ги објаснам). Барем јас така би носела.