Женски од овие два модели, кој би го одбрале? Не можам да се одлучам и двата ми се прекрасни. За свадба ми е, планирам да го носам со златни сандалки и златна clutch чантичка. Ако е вака премногу клише, секој друг предлог би бил добредојден
Првиот според мене, не дека вториот не е убав, но првиот некако е пософистициран за таа пригода. Со рамките спуштени на раменици уште поубаво изгледа. И златна боја ќе одговара.
Фустанот е напред пократок а назад е подолг. Горниот дел е црн на средина има црно ременче, а надолу е син и лесен материјал. Ваква сина боја: Прашањето ми е за чевли, дали црни или сини како долниот дел?
Јас сум за црни да биде слоевито, црно, сино па црно. Ако се сини, ке дојде горе црно а надолу многу еднобојно.
И јас сум за црни. Штом фустанот доле е син, сини чевли ќе биде многу еднобојно. Со црните ќе се разбие монотонија.
Девојки ве молам брзоо Срамота ли е да носам oxford shoes вечер пошто ладно е за римјанки?(а сред лето сме)
Девојки дали фустанов одговара со овие салонки и црна плик ташна или да си облечам обични црни салонки
Фустанот за со сандала некако повеќе ми одговара, како што е на сликата. Сепак вкус е во прашање. Ако сакаш да облечеш салонка добра ти е првата, не мора да биде црна.
@Monella и мене на изглед повеќе ми одговара со сандали, но имам само едни црни кои ги купив летово и ги носев еднаш и никогаш повеќе. После месец ипол сеуште имам рани на нозете. Затоа планирам со салонки.