Јас би избегнала крем или златести, многу еднобојно би било. Со некоја потемна боја чевли повпачатливо ќе изгледа. И со вино боја убаво би изгледало.
Со каков вид на чевли се носи палтенцево? Со старки и патики мислам дека одговара, но дали одговара со ваков тип на чевли? Спојлер: Палто
@shining_star да, мислам дека одлично би одговарало со таков тип на чевли, односно оксфордки. А можеш да комбинираш и со чизми, пократки или подолги...
@angelche16 иако не можам убаво да ги видам фустаните од таков сликан агол, би рекла 2-иот и 3-иот ...
Како да комбинирам циклама три-четврт пантолони? Никогаш не сум купувала ваква боја, а ги добив подарок. @joy1 можеби да не има совет? Она е по цикламата
циклама имам комбинирано со бело црно или сиво.Еднаш и со жолто,ама тоа е веќе скроз колор блокинг комбинација и зависи колку се гледаш себеси во тоа шаренило Сепак би идела со неутрален горен дел за да се добие некој баланс.
Мислам дека потежок избор од бојата ми е со какви парчиња да ги комбинирам Бидејќи и должината не е баш мој стил.
Имаат ликра но класичен крој, тесни, но на крајот од ногавицата штепот не е целосен, онака како подотворени. Може требаше да ги сликам, ама ги бапнав на перење
сликај ги после перење Веројатно може да се искомбинираат нагоре со некоја маичка и кардиган или џемперче на копчиња
Помош женски За вечер на отворањето на Манаки фестивалот се комбинациите. Одблиску: Или фустанчето: *фустанот си е со црно коланче, ама мене вака ми е понежно. Дали црните чевли или тие пудра боја од претходната комбинација? П.С. во живо многу поубаво изгледаат, лошо е светлото или јас сум лошо застаната или не знам што :Р
Некои работи не се гледаат убаво, на пример кондурите на првата слика, исто така неможам да проценам дали тоа е сукња или пантолони? На втората слика црниот дел е дел од фустанот или имаш облечено некоја кошула одоздола?
Првата комбинација ми се допаѓа, ама можеби подобро би стоело со заоблени салонки или сандали. Јас би го облекла фустанчето од втората слика со сакото и салонките од првата слика
Пантолони се А, црниот дел е од самото фустанче И јас мислам фустанчето Само не знам дали да носам сако, а и така се во розево ти како што предлагаш,да не бидам многу "пудреста" ) Ај ќе се пробам. Фала многу
Девојки, што мислите што би одговарало на фустанчево како палтенце или нешто за таа намена. Аутфитов ми е за во октомври за регистрација, а со оглед какво е времево очигледно ќе ми треба нешто што ќе ме стопли