Со скоро секакви. Какви било црни(во зависност од тоа што ќе носиш горе,може и друга боја на чевли да ти одговара),затворени или отворени(во зависност од тоа дали е ладно)чевли.
Да,времево врти накај постудено. Што и да одбереш нема да утнеш.Не те ограничува,одговара со повеќе видови чевли.Можеш спортски,можеш класични.... Глеј да ти е удобно.
Со црни до над колена чизми и тенки црни хулахопки, нагоре ролка во некоја од боите на сукната, но најверојатно комбинацијата за 2-3 недели ќе биде најприкладно да ја носиш
и овде е од утре 15-16 степени исто се мислев за чизми до глужд ама не сум сигурна имам црни и црвени
А пак за платнен материјал е? Мене ова не ми иде. @joy1 сукњичката и мене ми е како за чизма, било рамна, било штикла, но и со оксфордки би одговарало, некој есенски модел во црна/бордо/тегет боја. Како ученичка
за чизма е и јас така велам.Не ми иде никако за патика.Дебел материјал е како твид или како и да се вика тоа.Само времето ме зеза сеуште не ми е за таква обувка
Зависи што планираш горе да носиш. Ако поспортски одбериш со маичка, патики би можело ама нешто вака: Или нешто вака: Кондури и чизми секако одговараат, оксфордки уште повеќе, зависно од пригодата.
Фармерки со бордо кондурчиња ниски(цел ден ќе акам утре па пред се удобно сакам да ми е). И најверојатно кошула некоја борда.