@anonymousmember1 Можеш да комбинираш со бела/црна/маслинесто зелена/кафеава ролка или полуролка, црно-бела блуза на риги, можеби борда или темноцрвена боја би била интересна кобинација, или со обична кошула... Потоа, можеш да комбинираш со црни пантолони, или темни фармерки (посветли фармерки би ти дал интересен ретро изглед), со црна, или црно-бела сукња. На нозе можеш да облечеш кратки чизмички, оксофордки, па и подолги кожни или антилоп чизми, според мене во црна боја.
Здраво девојки. Пробав да најдам друга тема, ама мислам дека прашањево би одговарало тука. Имам нови чевли, ама не знам со какви чорапи би требало да ги носам Снакви скрос кратки за на балетанки...ладно е. Кратки памучни... не личи. Долги памучни, многу се груби (може моиве се многу спортски и постојат пофини..) Има некој предлог? Фала!
@KeBideLi јас вакви чевли ги носам со оние кратки чорапи што се изработени од материјал како хулахопки.
Јас оксфордки носам и со кратки чорапи, крем-боја се и не се забележуваат. Можеш да ги носиш и со сокни и доколенки. Интересно изгледа и со вакви чорапи со дезен, иако јас никогаш ги немам комбинирано така, Спојлер
да ама на ова време многу е ладно со такви Фала, да овие со дезен се многу убави ама ако носиш фармерки нема ништо да се види и чабе...
А со што планираш овие чевли да ги носиш? Мене искрено не ми е ладно со вакви хулахопка-чорапчиња. Но ако тебе ти е, обиди се или со обични хулахопки или подебели зимски хулахопки.
Би одговарале и со црни и со бели и со обични сини фармерки(со овие најмногу)Со кафеавиот би одела црна,бела,светло сина,а ако е темно кафеав џемперот,може и кремаста маица.Со маслинестиот црна најмногу.
Со овој светли/темни сини фармерки, а кафеавиот би го комбинирала со црни фармерки. Маичка со овој џемпер, бела, а со кафеавиот на крем, исто бела...
Ја имам истава сукња и планирав да ја носам со црна блузичка. Е сега незнам дали ќе ми одговара со текни црни хулахопки и црни шпиц штикли или сепак со проѕирни хулахопки ?
Јас сум за проѕирни (месо боја) хулахопки. На горе ми е ок црна блуза, на доле ако облечеш црни штикли некако не ми оди и црни хулахопки, нема да дојдат до израз нозете, многу ќе бидеш затемната
Ми треба совет во врска со една комбинација, за денски ми е ама попладне некое време... Дали да ја носам со месо боја или тенки црни хулахопки?
Според мене убаво ќе биде и така и така. Нема да погрешиш. Тоа џемпер/наметка или што и да е, од каде е? Ептен ми фати око
Многу е убав, искрено не знам како се викаше бутикот, во Скопје е...ќе ја прашам другаркава шо ме однесе и ќе ти пишам лп