Мене црниот повеќе ми се допаѓа. Беж боја ( или општо светли бои) на ваков материјал не ми се баш омилени.
Крем е поубаво, можеш и со штикли, и со кратки чизми, и со ниски чевли да го комбинираш многу е убаво.
@Mari* јас тек сега видов, ако нешто ти менува, мене фустанот во крем боја ми е поубав. Моделот доаѓа до израз и поелегантно изгледа. Црниот некако ми изгледа како и секој црн фустан, не се забележува крагната, а мене ми е баш интересна. Можеш да го носиш и со мантил а и со капут. Пред некое време видов девојка која носи сличен модел, во комбинација со вакви салонки, Спојлер а и со вакви би изгледало интересно, Спојлер А ако сакаш да го носиш со чизми, Спојлер
Ви благодарам И мене светлиот ми е повпечатлив само материјалот не е баш за зима Сега дефинитивно го нарачувам него
Како ги гледате овие, како пантолони или тренерки? Имам исти вакви само се сини и горе имаат врвци. Дајте ми идеи со што можам да ги комбинирам. Досега ги имам носено само со фармерска јакна и маица. Класичен изглед може ли да се постигне или сепак само за поспортка комбинација се најсоодветни?
@IM.TMKQ јас ги гледам како тренерки кои наликуваат на панталони, или како панталони изработени од материјал за тренерки. Мислам дека се соодветни само за поспортска комбинација/спортски изглед. Може да ги комбинираш твоите со бела/сива/црна маичка/рамбовка/џемпер или блуза, со тексас јакна одозгора за помодерен изглед, или со тренерка, со спортски градник или со т.н. sport crop top.
Јас ги комбинирам со патики најчесто и некоја маичка или краток дуксер За со штикла или кондура баш и не ми се
Штом прашуваш, значи не си тип на женска која комбинира тренерки и штикли. Комбинација - маица, тексас јакна, тренеркиве и патики е сосема океј. Можеш да носиш ранец или обична ташна, и така и така изгледа убаво. До сега, ниту една таква спортско-елегантна комбинација не ми била интересна или фенси. Повеќе ми е копирање на модни блогери, кои промовираат брендови, па облекуваат тренерки и носат штикли јер мора на сликата да ги рекламираат и адидас и миу миу. Единствено комбинација на кратко фустанче со цветен дезен и патики (ама не сите модели) ми изгледа симпатично.
Зошто да не би можел класичен изглед? Ако си креативен човек можеш од секакви алишта да направиш погодок, па уште и ако знаеш како да ги носиш... Еве пример може доле да се носат некои црни чизми со дебела штикла а горе црна кошула ставена во пантолоните и ете ти класика. Нешто вакво пример: со ова и тие пантолони/тренерки. Или бела кошула ваква иста пошто се со бели траки и некој минималистички црн детал пример часовник или тенко ланче некое.
Имам сиви вакви, си ги обожавам и на лик и прекомотни ми се. Јас ги носам со бела/црна кошулка пикната во нив, одозгора сако/палтиче а на нозе старки или вакви кондури. Интересна, несекојдневна комбинација излегува Спојлер: .
комбинација од сива плишана ташна и сиви патики со фармерки. што мислите за плишано со патики сте за?
@Cricket може да комбинираш со салонки, кратки чизмички, оксфордки, чизми до колено. А кога станува збор за боја, одговараат црна, бела, крем, светло розева, жолта;