Дали носите крем фармерки/пантолони со капут и кратки чизми? Бели фармерки никогаш не сум носела на вакво време, но имам крем/ валкано бели и не знам дали се соодветни за поладно време. Би ги носела со темно сив капут, кафени кратки чизми, иста боја чанта и некоја соодветна блуза/џемпер. Ваква боја се, што мислите?
@IM.TMKQ јас мислам дека би било одлично да се носат бели панталони и во есенски/зимски период. Јас најчесто ги комбинирам белите пантолони со подолг капут, најчесто црн, бел, црно-бел или во друга боја, или со крзнена бунда, крзнен елек, долг шал. А на нозе носам кратки чизми на штикла, или пак thigh high boots. Понекогаш носам и салонки, но не е баш соодветно за поладно, или врнежливо време... Еве неколку слики за инспирација:
Комбинации за карирани панталони кои не се цефка него благо паѓаат..супер стојат со салонка ама време не е за нив.
Задутре сме на фотосесија со малово и сакам да ја облечам сукњава и чизмичкиве Предлог каква блуза? Сакав нешто црвено-бордо ама пак незнам..:/?
Јас би одела со црна блуза, затоа што и сукањата сама по себе е впечатлива. Чизмичките исто ќе дојдат до израз со црна блуза. Можеш само некои ушники црвени да ставиш.
Убаво ке стои со темно црвена/бордо блуза ама да биде скроз обична, да нема никакви детали по неа за да не изгледа многу шарено и пренатрупано. Можеш и со нешто на крем.
Дали на црно,плишано мини фустанче со кратки ракави и ролка би одговарале црни или крем мрежасти хулахопки со крупна или ситна мрежа?
@Kimberly11 мислам дека повеќе би одговарало црни мрежести хулахопки со поситна мрежа. Барем јас така обично комбинирам бидејќи не ми се допаѓа премногу крупна мрежа на хулахопките
@Kimberly11 не сум сигурна бидејќи не се сеќавам каде точно ги купив моите ама претпоставувам дека може да побараш во sara fashion или друга продавница каде се продаваат хулахопки, долна облека и слично