Утре имам интервју за работа, напоменето е да се облечам бизнис кежуал, имам класични пантолони, карирано сиви ама класични кошули немам, поточно имам една ама е малку проѕирна и немам пегла моментално зошто сеуште се опремуваме. Дали би било океј да облечам класична ролка, сива или црна со класичен капут зошто за сако времево е стварно ладно, а под овој да облечам сако не може, не ми е толку широк Исто ќе носам кратки едноставни чизми на штикла...знам дека може и подобро ама немам моментално толку избор. Што мислите за ова?
Затоа што е бизнис кежуал, јас искрено подобро би одела со црната ролка и капутот. Мислам дека многу убаво би изгледало. Можеш и некоја едно бојна маичка со куси и сако. Не знам дали е за така времето таму Прозирната кожула не би ја носела од причина што ми е малку не вкусно на интервју за работа да се појавам така, би одела со класика. Среќно !
Супер е комбинацијата, но јас би го облекла и палтото. Не мора да го носиш додека патуваш, спакувај го внимателно во кеса и облечи го пред да влезеш на интервју. Ти посакувам среќа!
Супер е ролка, а сакото земи си го за таму. По пат не мора, ама таму облечи си го, ќе и даде друга димензија на комбинацијата. Со среќа
Имам фустан што прелива од темно зелен до минт. Не успеав да најдам баш иста боја зелени штикли (сакав како темно зеленото, ама сите се повеќе кон трева зелена). Дали можеби црни би биле ок, што мислите? П.С. белите штикли на сликата беа само за проба, тие ми беа при рака.
Мене и со беливе ми се допаѓа. Црно не би, ептен ќе затвори. Ја би идела со металик нијанса, или некоја розе ко лакот на ноктите што го имаш
Зелена според мене би била најидеална, но ако не можеш да најдеш пробај со црни, златни, па и сребрени. Многу е убав фустанот
Јас би одела со nude, кожа боја на штикли. Иста класика како со црната ќе добиеш, ама друга димензија ќе дадат. Црни не би носела на фустанов, мислам дека ќе го затвори темна боја. Би одела со светли секако, првенствено nude, ама и сиви или сребрени би стоеле убаво
Јас лично овој топ не би го комбинирала со старки бидејќи самиот по себе е доста елегантен. Дури со панталони како на сликата би било многу по ок но ако немаш толку избор задржи ги фармерките и сакото но на нога можеш на пример некои добри шпиц салонки или ако не сакаш штикли тогаш некои балетанки на пример. Многу зависи и за каде планираш да го носиш.
Па да би можела со панталони и шпиц салонки, а ако е поелегантно јас сакам да го искомбинирам ако успеам за полежерна комбинација ако е возможно хахаха
Imam belo fustance poveke nakaj krem znaete sigurno ste videle nekade.E sega jas i ne se razbiram vo moda bas pa mi e potrebna vasa pomos so sto da go iskombiniram na ramenici e dali so sako ili tenka kosula vase mislenje??
Што боја чевли и накит да ставам на фустанов (сенф боја, сатенски, едноставен)? А и шминка? Сама ќе се шминкам. Косата ќе ми биде пуштена и брановидна, под раменици така да обетки би ставала само. Мислев кафеави или нешто nude metallic како овие подоле. Слободно предложете каде да барам чевли по пристојни цени, а што не се крш неудобни
Фустанот е прекрасен. Од овие два пара јас би вторите, но исто кралска сина боја сандали би биле храбар избор. А ако се одлучиш за понеутрални чевли, можеш да ставиш тенка марама околу раце со некој ненападен принт. Фустанот сам по себе е впечатлив.
Целосни црни пантолони со ваков израз на деколтето и препрамки. Не ист модел. Со каков накит би можела да ги комбинирам? Итно ми е. Тенкју
Следна недела ми е матура, а како што гледам ќе биде ладно и ќе врне. Фустанот ми е долг и елегантен и цела вечер веројатно нема дома да се приберам, а не сакам после тоа да сум болна. Не знам дали да носам нешто јакна или што? Не знам што одговара уствари на таков аутфит... Првпат ќе сум до толку свечено облечена... Секакви предлози ми се добредојдени...