Сега во зависност од фустанот можиш некое сако да си земиш или поелегантна марама.. Толку и палтото нема никој да ти го забележи затоа што во просторија ке бидеш и ке го соблечиш
јас би носела црни минималистички сандали со две ремчиња што се, а од накит би ставила некои масивни обетки, златна боја, во зара имаш интересни златни обетки. црно мало ташниче можеш да носиш. а за шминка, би ставила некоја дебела убава линија од туш и многу бронзер на на лицето и некој златен хајлајтер со нуде усни.ако си бела,намачкај се со фејк тен ,уште поубаво ќе изгледа фустанот на тебе
Извини, но ништо од ова не ми се допадна Фејк тен никогаш, иако апсолутно сум свесна дека многу добро стои бојава на некој така со маслинеста/бронзена кожа. Не сакам црни чевли бидејќи многу грубо доаѓа (го пробав дома со такви), затоа барав поинакви предлози. Но, сепак фала
хаха епа добро, различен вкус. јас имам по минималистички стил. иначе за фејк тен не мислам доритос боја, јас за посебни настани се мачкам со крема за потемнување од natures (во аптека виола го има,природна козметика е ) , дава ептен нежна златна нијанса, како да си била на сонце два дена, едвај приметливо. според мене една работа на човек треба да е showstopper а останатите по обични за да остават простор на парчето да го даде ефектот. сандали со дебела штикла мислам дека не одат со толку елегантен слип фустан,што знам. иначе за вакви сандали мислев, и црни и бакарни би биле ок,не се груби воопшто. се надевам ќе си најдеш супер комбо сако и марама ако ставиш мислам дека ќе бидеш многу сериозна сепак си млада девојка и матура е, штом ти е свечен фустанот можеш да му дадеш младешки шмек со интересна кратка кожна јакна. нешто како на сликава. ама сепак не знам каков ти е фустанот и дали трпи таква комбинација ,какви ќе ти бидат деталите на тебе и дали е твој стилgood luck
Сандали или салонки? Сакав салонки бидејќи ми фалат нов пар такви чевли па и понатака ќе можам да ги искористам, но мислете ли дека со сандали подобро ќе изгледа? И предлог за одозгора што би можела да искомбинирам, струкирано сако дали прегрубо би изгледало бидејќи многу е лесен материјалот?
Девојки, со каков накит би го искомбинирале фустанчево? Ќе носам или крем или омбре бордо-црни салонки. П. С. Нема да е толку долг, го оставив на кратење.
Јас би одела со нешто понежно, бисерчиња на пример. Доста е впечатлив фустанот не би го натрупувала изгледот и со многу впечатлив накит. Можеш и некое прстенче да ставиш.
Си купив исти вакви неодамна, не знам со што да ги комбинирам, хелп? Крем сандали, и некое крем летно палто, или ако најдеш струкирано сако што ќе ти одговара со сандалите.
Со црна и со сива маица. Можеш и со сандали и со салонки да го комбинираш.Ако сакаш струкирано сако,комбинирај со салонки(сандали ако се некои поелегантни).
Може прашањево не е баш за во оваа тема ама да прашам бидејќи времево е никакво цело време врне не знам дали да носам кратки чизми за на работа или веќе не се носат чизми бидејќи е средина на мај?
Искомбинирав тигреста кошула со црни пантолони, ме интересира какви чевли и фризура, може салонки и пунџа, за роденден ми е кај блиска пријателка во ресторан
некоја гломазен накит во боја тиркизна или сребрено ланче и крем салонки чизмички крем кратки или стикли крем или црни.