Иако тегет фустанот поради чипката има некоја нежна нота. Јас не би комбинирала со принт. Еднобојни сандали/салонки би стоеле подобро - крем, пудра боја, сребрени, црвени...
Ваква боја фустан највеќе ми се допаѓа со крем сандалки. Вака нешто пример, ете овој фустан, различен модел е ама бојата горе доле таа е.
Со ментол боја долг фустан каква боја на штикли и ташна ќе одговара? Размислувам за крем, златна или сребрена боја. Вие што мислите?
Во недоумица сум, сличен модел на вакви панталони (тенок лесен материјал, само малку потесни и пократки од овие на сликата) одговара со бели ниски Конверс патики или исклучиво со ниски сандали? Панталоните се со сина и бела боја.
А скроз силиконско да е одпозади на градникот.или нејќиш да се гледа воопшто. Тие гумените паѓаа кај мене, а со големи гради сум
Супер држат тие гумените, цела матурска вечер не ми мрднаа, а се изнаиграв. Е сега немам ептен големи гради ама па и немам ептен мали, златна средина. Сепак како што ќе ги залепиш, не мрдаат, од Сара фешн ги земав јас.
Мхм поголемки, ми паѓаа мене.гумениве ср*ња. Можеби не беше залепен фустанот, на овој може ке стојат залепени