Ај ќе земам од сф ко што вика Дрим, па ќе видиме. И јас се крстам на тесноќата на фустанот. Мене не ми се толку големи колку што ми се смкнати од доењето...
@LiliBoz силиконските ке се океј, фустанот е тесен и ке ти ги 'држи' нагоре. Јас носев од силиконските кога бев B корпа а фустанот беше широк напред и со гол грб. Сега со C корпа не би се осмелила да носам таков фустан со силиконски јер ке е ептен перверзно. Битно е да ти кажам дека силиконските губат од ефикасноста со секое носење т.е. лепење. Имај во предвид дека ако пробаш дома прво а после ги носиш силиконските нема да држат исто. Не дека ке се одлепат, ама на прво носење не мрднаа од место. Секој нареден пат се се послаби. Моја препорака е да купиш силиконски на NBB.
@LiliBoz супер се силиконските, само внимавај пред да ги ставиш кожата да ти биде чиста и сува, без млеко за тело. Така држат подолго. @Rebecca_R јас ги перам после неколку носења. Со млака вода и малку растворен антибактериски сапун. Не се бришат, се оставаат сами да се исушат. Секако дека не траат бесконечно, ама солидно лепат подолго време.
Јас 3 пати ги носев до сега, после секое носење ги перев, супер ми се покажаа, не мрдаат од мене. Да, битно е и тоа пред тоа да не имаш нанесено нешто на кожа, чиста да биде. Може и до кожата е, на некоја може не одговараат затоа.
@Rebecca_R @Avery @Dream-Girl фала на советите, ко што везе немам ништо за нив, убаво што ми кажавте и за бришење и за сува кожа и за све. @M&M и јас сакав вакво нешто ама мислам дека ќе ѕирка. Во понеделник ќе ми стигне фустанот и баш ќе видам до кај е гол грбот.
И јас го правам сето тоа, не дека после едно носење се неупотребливи, ама со секое наредно носење се помалку и помалку се лепат на краевите, што од пот, што од триење со материјалот. Прв пат кога ги залепив беа баш онака цврсти, никаде немаше дупка (меѓу кожа и силиконот), тоа ми беше муабетот. Инаку убаво ви текнало, кожата треба да е чиста и сува, а по носење се мијат со млака вода и некое нежно средство. Се сушат сами, евентуално со фен пуштен на ладно ако ви се брза.
Самолепливи се и многу едноставни. Кога ке ги отвориш ке видиш проѕирна фолија, ја тргаш и лепиш на кожа. Спојлер Првин преврти ги, лепловиот слој да дојде нанадвор и најиспакнатиот дел намести го на средина на ц***а
Да пробаш со ваков?Мислам дека попогоден би бил за поголеми гради.Се лепи и не паѓа. П.С. многу убав фустанот
Девојки што би облекле на нога со овој фустан? Излегов да баран нешто не знам што, се мислам дали салонки или сандали, и за боја не знам, не сакам црвено-црна комбинација, нити со златно, се мислам за сребрени сандали и накит обетки и алка
Кај го има овој? Сандали отворени на штикла. Бидејки има чипка би одела со еднобојни и екстремно високи. Е сега зависи каква личност си и како го негуваш стилот. Ако си по дива ексцентрична и сл онда можеш да удриш неон боја. Пример дреч зелени. А ако сакаш да си отмена и елегантна и резервирана онда црни.. И сребрената идеја ти е добра.
Фала на инфо, мислам дека сум кнап со време да го нарачам, ама ќе побарам тука. Ќе земам и таков и таков и ќе видиме Во принцип немам ваква мака јер не носам гол грб одамна. Но фустанов ми остана во очи па.. Исклучок правам.
А да однесеш кај шивачка да ти вгради некако градник и да ти го затегне убаво фустанот на градите. И јас имам ваков проблем, не можам никако гол грб, или раменици да ми се гледаат, имам големи гради, такви силиконски градници не ме држат. Имам ногу голема желба да носам некогаш така. Некое решение за нас таквите?
Епа ако не држи така ќе направам. Па ќе откриеме чаре за нас. Мене не ми се мн големи. Смкнати поише ми се
Најверојатно ако сакаме да носиме гол грб само шивачките ни се спасот, додека не најдеме друго решение. Но, јас бев скептична порано и за шивачка мислеше нема да успее, ама баш би сакала да пробам. Имам некои без врска купени фустани каде што се гледаат рамениците па планирам да ги носам кај шивачка да ми ги среди можеби ќе успее.