Јас на свадбата на брат ми бев така облечена, со бејби пинк хаљинче. И го комбинирав со кафени чевли и чанта, но не дрвени чевли, туку крем-кафени, антилоп. ************************** Многу ме интересира што ќе ми предложите да комбинирам со црвениве чевлички? Инаку катастрофа ми е блицот, сите делови што ги гледате како бели флеки или бели рабови, не се такви..
Мандаринче црвените штиклички можеш да ги комбинираш со црно, бело, тегет, жолто, имаат многу комбинациии кои одат супер со нив. Еве нешто колку за инспирација.
Девојки упомоч . Како да ја искомбинирам долгава бела кошула и штиклите? Што да ставам од аксесорис,шминка? Кошулава не е ни малку обична како што изгледа,стои некако посвечено,а јас сакам да изгледам СЕКСи
Yawn кога ги видов веднаш ми текна на smokey eyes, и некој неутрален, благо црвено-розе кармин. Собрана коса во висок реп а шишката крени ја повисоко. И бисерни обетки, но не долги. Барем јас така си замислив Само без долгите обетки затоа што гледам кошулката има висока јака.
Интересно ,Интересно. Само заборавив да кажам,ми треба идеја што да облечам меѓу кошулата и чевлите . Освен ова другото..
Па кошулата е прилично зезната .Позади е долга,ми го покрива задникот амаа напред има отвор како што гледаш така да мора нешто непрозирно ..Црни кожни хеланки си велам би стоело ОК ..ама сакам нешто по шик,не таква класика.На пример дали би можела јас под кошулава да облечам мало црно фустанче,АМА ептен ептен обично без никаков детал на него?
Е тоа сакав да те прашам, за како те покрива. А инаку, фустанче или сукња дефинитивно може, ќе биде оригинално. Пробај повеќе комбинации ако имаш време Инаку, чевлите се преубави
^ Цефка црни фамерки, или црни шорцеви со темни (дебели) црни хулахопки Од шминка можеш туш и понеутрални очи Спојлер (те видов во сакам да прашам, убаво беше нашминкана, па нешто слично искомбинирај со бои) со дефинитивно (корално) црвена боја на кармин, ќе разбие монотонија од црново со бело Накит незнам каков имаш, па да ти дадам некоја идеја А косата можеш во високо репче И кошулата ти е преубава Спојлер од кај ти е? Ако не е тајна
Ахаам добар предлог..Да ви кажам уште важи,за вечерва ми е комбинацијата така да чекам уште мислења Спојлер Инаку кошулата ми е од Гевгелија,од бутик во трговскиот...
Јас сум за нешто кремасто или сивко Можеш да побараш нешто во таа нијанса, преубаво изгледа Мандарина јас би ги носела со цефка плава фармерка (темен тексас) и со некој црвен аксесорис . Преубави се. Јавн, девојче, знаеме дека сакаш да изгледаш секси (не те осудувам), но има прилики и парчиња на облека кои треба да останат обични. Сепак, ако сакаш секси издание со кошулава- облечи хеланки (ама не од оние мазнине, туку памучни) И стави само туш и римел на очите, малку руменило на образите и некој ненападен кармин
Девојки имам сив каиш целиот со чипка.Го имам носено еднаш со црно сукниче и црно блузиче,но сакам да го носам и со други комбинации.Можи некој предлог?
Да да FBI ,те сфаќам во целост но таков ми е стилот. Јас не следам мода,не се облекувам соодветно на настаните и секоја облека ја комбинирам малку невкусно .Тоа е посилно од мене Па затоа и вас ве прашувам,но кошулаваа ептеен е свечена а сакав да и дадам некој друг шмек. Под тоа подразбирав да биде ПОСЕКСИ ,а не класика.
yawn се потрудив да направам моја комбинација од кошулата (инаку преубава е ) според мене кошулата плачи за ваков колан на половината и кожни хеланки...не знам зошто ама воопшто не ми е вкусно да носиш само кошула,а под неа фустанче и нозете да ти се голи ставив црвен накит за да се разбие монотонија...иако не знам дали на ваква кошула ке одговара вакво ланче...само сакав да ти доловам отприлика како би изгледало...мислам дека подобро би било со црвен гердан за шминка и фризура сигурно си знаеш се надевам дека ке ти послужи сликовитото објаснување
yawn[/b ]Јас мислам да ја облечеш кошулката со тесни фармерки и на кошулата да ставиш каиш. Да и ги подвиткаш ракавите и да ставиш алки и некои топчести мали обетки , а косата во висок реп да ја врзеш. Можеш и ваква некоја блуза да облечеш под кошулката и вакво тенко каишче да и ставиш. Се надевам кошулката не е сатенска нели ? Иначе ако е нема да одговараат фармерки.
Не,не е сатен нешто како шушкаво е (не се разбирам од материјали.) Уште еден одличен предлог,Благодарим.
HELP ! Си ја купив блузичкава за сликање за алманах.. Сега да ве прашам дали да носам некои додатоци на косата, дали да ја виткам косата или пеглана, и дали одговараат некои обетки и какви Фала однапред, ве сакам