Можда не е прашањево за во оваа тема, ама ако може од прилика ваше мислење со какви сандали би одел овој фустан
Фустанот е самиот толку јак и интересен што нема потреба од премногу јаки чевли и ташна. Нешто понеутрално во поглед на боја и изглед. Тоа погоре ми се свиѓа само некако да не се црна боја, а е супер моделот, некоја понежна боја.
На ваков фустан платформа штикла никако, и сандала некоја елегантна црна или бела или па нема разбие плава или црвена а фризура залижана како мокра целата и да паѓа надолу.
За ваков фустан не би експериментирала многу со бои. Би се задржала на поедноставен модел на сандали во некоја од боите што ги има на фустанот: 1. Nude 2. Silver (зависи со каков накит и ташна ќе го носиш фустанот, може да дојдат too much )
Здраво Девојки, Ве молам за ваше мислење, си купив фустан како на сликата само што е црн. Па што мислите каква боја на сандали/ чевли ќе ми одг повеќе, црни или црвени инаку ќе бидам лакирана со црвен лак и ќе имам црвен кармин. Благодарам
Јас би носела црвени, ама не би стоело лошо и црни. Само нека бидат без платформа, можеш шпиц или сандали. Ако се одлучиш за црни, додај повпечатлив накит за да ја разбие монотонијата.
Јас би играла сигурно во случајов, штом имаш црвен кармин и нокти. Би носела црни затворени чевли, малку повпечатливи (нешто како моделот на сликата) или црни сандали со тенки ремчиња. Како и да е мислам дека нема утка со ваков фустан што и да одбереш.
На фустанот што флизура би одговарало? За чевли и ташна не ми е проблем се снајдов ама за косава не знам баш не ми е многу долга до раменици ми е но не е ни кратка.
Секоја сезона се зафркнувам и купувам јакни со кои после незнам што да искомбинирам. Во потрага сум по ташна која ќе ми одговара со јакнава, неможам да најдам иста боја како неа, а искрено и незнам каков модел. Помош?
Feminki kakva frizura bi mi odgovarala na ovoj fustan za svadba mi e izgleda kratko ama pod kolenicite e