Иде и со црни,но ако нејќеш такви,се согласувам со членките,пробај со сребрени,дури може и со златни или кремасти.
Јас ова би го искомибинирала со штикли со врвци како чизмички, нешто како овој модел. Без разлика дали црни, кремови, но со овие мислам дека по БОЛД изглед ќе се добие и со црна мала ташничка, со впечатлив накит.
@Chocolate.me Имам слични вакви и би пробала, само што моето фустанче (всушност, станува збор за куси панталони со зашиено сако кое кога ќе се закопча изгледа како фустан) е доста покласично од ова на сликата што ја имам ставено тука и затоа се двоумам за чевлите. Од друга страна, сакам и да ми бидат удобни за носење. Затоа одбегнувам затворени салонки на шпиц.
Јас мислам дека супер би стоело, без разлика што е по класично, малку ќе се тргнеш од тој шаблон за да можеш да експериментираш. А и комбинацијата со сребрени сандали е супер, со сребрена ташничка, но тоа веќе сите го носат, сите се како униформирани. Додека беше модата црно на све иде сега е сребрено на се иде. Немора ни да имаш таква ташничка, можеш со било што друго да комбинираш.
@Кена Рис Мое мислење со крем, некои шарени каде што ќе има и црвена боја или сини. За салонки, може и ниски со подебела штикла, тие се поудобни. Спојлер
Хм, јас би ги комбинирала со целосно црна комбинација со марама во таа боја. Палтенцето може да е стандард црно до колк. Или некоја сиво-бела комбинација со детали (пример накит) во сребрена или сива боја. Се обидов да најдам некои слики, приближно да доловам на што мислам:
Здраво Го купив ова фустанче и сега на мисла ми е, дали сандала црна или салонка црна да носам Некако е ладничко и си мислам да не е срамота сега сандала да носам, а одозгора за до ресторан ќе носам капут црн, а од ташна ќе имам ташна црна поголема дека со три деца ќе идам. Дајте мислење.
Мислам дека материјалите не одговараат комбинирано. Според сликата, пантолоните изгледаат како тренерки, или барем дека се изработени од сличен материјал. Кога и панталоните би биле од велвет или друг покласичен материјал, сметам дека повеќе би одговарало со блузата. Или тие панталони можеш да ги искомбинираш со блуза, ама со сличен материјал како панталоните кој нема да изгледа "посвечен".
Панталоните се далеку од тренерки, формални се дефинитивно. Ама не, има голема шанса да искомбинирам друга црна маица/блуза со некое ланче или слично.
Ги имам истите, и буквално на секоја боја ги носам, би можела на таква сива боја превртена кожа јакна, крем, бордо, темно зелена а јас ги имам носено и на тексас јакна со фустанче како на сликата погоре, мала ташна или ранче. Само мене ми се многу неудобни за носење повеќе од два часа, моите не се на Бјана ама не се ни кинески, изгледа до ѓонот е
Извини офтопик но од каде го зема фустанчето? Преубаво е Јас лично со сребрени сандали би го комбинирала
Па сркој вид на сукна би ти одговарал според мене. Сега мислам дека е во тренд ск кожните сукни и стварно преубаво изгледа можеш со кратка тесна , тексасна , раскроена.. само не од тие покласични до колена.