Ова можеби не е за во темава, но чисто сакам да кажам, да се пожалам од сама себе, па можеби некој има некаков совет што би ми помогнал. Во животов не знам колку пари имам потрошено на гардероба. Последните пари за јадење јас би ги дала за парче облека. НО проблемот е што не знам да купувам. Само фрлам пари, а пак немам што да носам. Купувам работи што кога ќе стигнам дома сфаќам дека немам со што да ги искомбинирам.. Сакам едноставно, а модерно, да не бидам "предотерана" ни преедноставна. Последниве две години се утепав од купување, а еве повторно немам што да носам.. Се размислувам стилист да си најдам
Пробај да купуваш парчиња кои ќе одговараат на повеќе комбинации. Класични парчиња, едноставни, без многу детали на нив. На пример, јас имам најмногу бели маички, сите се едноставни обични, а различни. Бела маичка со се се комбинира, во секакви комбинации. Инвестирај во квалитетни фармерки. Ова на потешкиот начин се учи, ако се поскапи демек нели, не значи дека се и по квалитетни, НО некогаш значи. Убава фармерка, што ја следи линијата на ногата. Таа со секакви маички ќе ја носисш. Капут - ми е мене must-have. Убав долг капут, кој ќе биде подеднакво модерен колку што ќе и топли. Ќе го изнаносиш. Или јакна, дебела зимска јакна. Бела кошулка, за излегување, со фармерки, суќни, пантолони со се. Едноставни се со неа комбинациите а се толку шик и модерни. Нема да испадне никогаш од мода. Еден куп кошули имам, заљубена сум во бела боја. Квалитетно сако/блејзер. Сега се толку модерни, а толку убаво стојат. Сиво/црно/бордо/темно сино, сите бои. Комбинирај го со кошули, блузи едноставни, маички, корсети што ли уште не. Црно фустанче. Сите имаме едно црно фустанче што сме го отепале од носење и пак ќе го носиме, бидејќи е совршено. Мало слатко. Нема промашување, со патики, штикли, балетанки, чизмички, врз него марама. шал, капут, сако што ли уште не. Пробај да купуваш работи кои се комбинираат со различни елементи, суќни, фармерки, пантолони. Чевли, штикли, чизми. Ама и внимавај на асесоарите. Некогаш тие ја прават целата комбинација. Јас преферирам по обични комбинации, едноставни, но модерни. Имам цела папка во компјутер со слики и од нив црпам инспирација. Повеќето работи доколку ги имам, а нешто немам, наоѓам убава прилагодна замена за тоа нешто. Но се случува и да купам нешто, ако толку многу ме фати око а го немам, ќе излезам и ќе го купам.
Во право е @Chocolate.me, а јас како некој што беше подеднакво хоуплес како тебе би додала само да не фрлаш пари на парчиња кои моментално се во мода, како на пример сега кошулите со широки пуфкасти ракави кои би биле смешни да се носат следна сезона. Многу е важно да си го знаеш стилот, ако сакаш едноставно купувај работи што одговараат на тој стил. Во мојот гардеробер од зимската облека преовладуваат еднобојни парчиња облека, црно, сиво, кремасто, бордо, додека аксесоарите се повпечатливи. На тој начин мислам дека нема утка како и да искомбинираш. И секогаш пред да купиш во глава направи си барем неколку комбинации како би го носела истото, ако не можеш, тогаш остави го.
Јас со ова тука не се согласувам. Сметам дека доколку мене нешто ми се допаѓа, ќе го купам, без разлика дали е сега модерно или не. Модата се враќа, барем тоа заклучивме. Ако сега е во мода таква кошула, не значи дека треба да не ја носиш наредната сезона. Ако тебе ти се допаѓа, носи си ја слободно. Ова е мое лично мислење.
Јас ги носам со подолг џемпер така најубаво ми стојат од се што пробав, пробај и ти, поинаква комбинација освен со џемперот што ќе покрие се што исцртуваат тие, мене ми изгледа вулгарно.
Експериментирав нешто по дома. Дали според вас одговара оваа комбинација? Знам дека материјалот на фустанот е летен, а чизмите се за зима, но ете се инспирирав од инста . Спојлер: Чизмите
Мене ми е баш на место. Гледам се почесто вакви комбинации, дебели џемпери заедно со сукњи од тенок, полетен материјал. Можеш да пробаш и со тенки црни хулахопки како би стоело.