Да, ми се допаѓа оваа комбинација бидејќи обично носам кратки сукњи/шорц со црни хулахопки и чизми или thigh high boots. Би изгледало навистина креативно и интересно. Каков животински принт би препорачала? Може да биде, на пример, леопардов, зебра, змиска кожа и слично...
Не знам каков личен стил имаш и дали имате дрес код во фирмата, ама можеш нешто што е за нијанса посвечено од тоа што секојдневно носиш на работа. Избегнувај премногу кратко, тесно, деколтирано или светкако. Лично, би облекла плисирана суќња до под колена, кошула со 3/4 ракави и салонки или шпиц чизмички на пониска штикла.
Се согласувам со @Briar Rose, само внимавај на должината, да не се многу кратки панталоните ( поради ширината може лошо да стојат) или пак да не се премногу долги и да ги покриваат чевлите. Нека бидат до средина на штиклата некаде. Ваквите панталони комбинирани до шпиц штикла знаат да бидат доста tricky затоа што и сантиметар подолго/ пократко прави многу разлика.
Женски во ред е за нг да се иде по патики? Сребрени на повисок ѓон? Мразам штикли и не сакам да носам совет што да правам?
Ми треба мислење, не со облека, него шминка. За НГ. Сега брзински овие ги направив, тогаш повеќе ќе се потрудам. Облеката во спојлер Спојлер Од накит др. ништо посебно нема да носам, алката Пандора, сите привезоци се сребрена боја, и вереничкиот прстен кој е бело злато со темно сино камче. Ако ни една страна не ве бендисува, може да кажете предлог
Нема златна... едното е од бело до бордо, со розевкасто измеѓу. Ама и мене некако тоа повеќе ми фаќа око
Дојдов бидејќи ме викна Каме,јас сум за сребрената бидејки е за НГ ,само на пример ташничка би имала некоја трета боја да не бидеш црно сива,да разиграш малку...
Според мене окото со сиво сребреникаво е ок според облеката,другото око со ташничката во тон би разбило монотонија,ама нема ташничката цело време со тебе да ја носиш,така да сивкастата нијанса повеќе се вклопува со се останато.Нашмиканото
Десното око од моја страна гледано, мене ми е поубаво за нова година и за сивите елементи од целиот аутфит