И покрај тоа што зависи и до нијансата на бојата, сепак можеш да направиш убави комбинации со сукња, кошула или фустан. Сметам дека е класика да искомбинираш розево сако со неутрални бои, како црна, бела, сива, крем, беж или бордо. Но ако сакаш поинтересна комбинација, може да комбинираш со сукња, кошула или фустан со принт, како животински принтови, риги, точки, пепито, чипка, итн. Еве неколку слики за инспирација:
Имам слично ваква црна суќна со висок шлиц на едната нога. Дали мислите дека ке можам да ја носам со патики или само штикли?
Има одредени интересни комбинации со патики и сметам дека истите повеќе прикажуваат спортски или кежуал стил, за разлика од комбинациите со штикли кои прикажуваат елегантен или деловен бизнис стил. За комбинација со патики, би рекла дека треба да внимаваш на моделот и бојата, како и останатите парчиња облека кои планираш да ги носиш. На пример, можеш да носиш типично спортски патики или патики со принт или светкави патики. Еве неколку слики за инспирација:
Според сликата, фустанот ми изгледа како "sweater dress". Можеш да го носиш со патики, кратки чизми, чизми до колено или над колено во црна боја или одреден принт, на пример животниски ако сакаш поинтересна комбинација. Исто така, можеш да облечеш темни или црни хулахопки во комбинација со споменатите чизми или со т.н. oxford чевли. Еве неколку слики за инспирација:
Салонки во некоја впечатлива боја(пр.жолто,пинк или плаво) Секако зависи и за која пригода ти е потребно
Вака на слика изгледа широк, инаку горе е тесен s бројче е Ама супер идеи, може да се искористат, фала ти
Женски,имам едни панталони бели,со вертикални црни линии потенки-пошироки,летни се..ама мислам дека ми се скрозира задникот одпозади..како можам да ги носам? не малце срамота така да искочам? а многу се убави
Crop top во црна, бела или впечатлива летна боја и сандали. А доколку сакаш поспортска комбинација може еднобојна маичка и бели патики... а за транспарентноста: бела танга и ич к*р да не ти чуе
Со крем гаќи без раб можиш и некое топче + подолга кошула, отворена да ја носиш со подвиткани ракави.