Нема проблем свити90, за тоа сме тука Tenkai можеш со кратки панталончиња, јас имам носено таква комбинација.....блузата што ми е на сликата во храбри феминки ја имам носено со кратки црни панталончиња и дезенирани хулахопки црно со сиво добро изгледаше......таа е слична на оваа блуза така широчка и растресена
Девојки си купив едно црно корсет фустанче,а од колковите надолу е на карнери.Нагоре од колковите е некакво светликаво.И планирам да носам со него сиви салонки бидејќи не сакам да ми е целата комбинација во црно.Исто така планирам да носам едни обетки црни со сиво,и сива ташничка.Незнам дали да ја соберам косата во некоја разлитана пунџичка или пак да ја пуштам косата
Прекрасна комбинација, можеш косата да ја собереш во пунџичка ако имаш потемна боја на коса, а ако си русокоса или имаш посветли понежни тонови на косата секако пушти ја, без некои екстремни фризури само фенирај ја, малку тапирање и убаво ќе изгледа. Ако сепак се одлучиш за пунџа можеш да ја украсиш со некоја интересна шнолка, но во тој случај ќе треба да внимаваш при изборот на накитот да не би изгледало сето тоа премногу накитено. Позз.
одлично е фустанчето, можеш да си го носиш за во дискотека само побарај некои високи затворени чевли на висока штикла и идеална комбинацијата ќе биде. Внимавај при изборот на хулахопките, нека ти бидат еднобојни, бидејќи фустанчето е малку прошарано ако не се лажам ? Црно-бело така ? Па, убав помин !
Инаку ова е мојата комбинација како ќе изгледам за новогодишната вечер па..сакам и ваши мислења секако ! -ама не вакви чизми !!! и моето е на вржување околу врат и има полукружно деколте, инаку идентично е -вакви чизми -косата -шминката
Фустанчето што ќе го носам за Нова година е памучно, темно виолетово и на моменти заликува на темно сино (тегет). На прерамките има сино-виолетови ситни циркончиња по вертикала. Горниот дел (до колковите) е ваков а долниот дел(од колковите и педа-две над колената) ист ваков како чантава Нешто како третиот фустан во горниот ред од оваа слика (ама покус, над колена) Прашањето ми е: Со какви чевли да го искомбинирам (боја и модел). Јас мислев со (темно) сиви салонки. (такви си бендисав ) Нешто слично на ова, ама поубави Ама сакам ваш совет. Исто кажете ми дали некои дизајнирани хулахопки или месо боја, акцесорис и сл. Додуша си имам едно сребрено ланче, не би сакала да го вадам, нежничко е, ама ќе видам, во зависност од советите.
Ммм...интересно ... Е, сега идеална комбинација на фустанчево би биле ....токму така -сиви салонки, накитот алката, ланчето..обетките нека бидат сребренкасти...со сивото да се вклопи.Хулахопките-месо боја, освен ако не најдеш некои со сивкаст сјај, значи нека бидат исклучиво нежни ! Ташничката нека биде иста боја со чевлите, и некое коланче ако си врзуваш можеш од оние сребренкасти што делуваат само како украс околу половината. Тоа е тоа мислам
Модни критики за храбри феминки Вака планирам да бидам за нова година .. што мислите за оваа комбинација ?
Модни критики за храбри феминки Juicy супер е само мислам дека треба да стаиш уште нешто црно, на пр. обетки или алка!
Модни критики за храбри феминки juicy, ептен ти е убава комбинацијата.. мене лично многу ми се допаѓа! само, како што рече секси лејди, би можела да ставиш нешто црно а и на претходните две твои слики, стварно ептен ми се допаѓат комбинациите.. браво! прекрасен стил!
Дол закачи го фустанчето повторно, вака не можеме да ти го кажеме нешето мислење Скар Супер комбинација, нема да направиш грешка. Мене повеќе би ми се допаднало со потемни хулахоки, но секако секој со својот вкус и стил. Сепак ми се допаѓаат парчињата
Имам исто вакво фустанче го купив пред неколку месеци и сеуште го немам облечено затоа што не можам да си најдам чевли, мислам дека црни, едноставни,сатенски салонки би одговарале совршено затоа што фустанчето е украсно самото по себе..
Женски,вечер ќе одам на средношколска забава во гимназијата каде што учам и не знам што да облечам.Не сакам на штикли,сакам да си носам нешто рамно на нозете ама ич не знам што облека.Да не биде ко за излегување,а да не биде ни ко за секој ден .. Од прееска се мислам како и што и не ми текнува.Ај ве молам кажете ми некоја комбинација со облека што би ја имала во плакар. Од чизми страна имам црни,бели угг,кафени - сите високи. Фала однапред феминки
Благув4е, незнам што имаш во плакар, ама јас за на таква забава би облекла обавезно ниски чизми.....со туника и хеланки.....или пак со фармерки и кошулка
Можеш да искомбинираш нешто со хеланки, или пак некоја тексас сукничка нешто поедноставно а сепак да изгледаш супер