Ако ја носиш пуштена, нека биде пеглана а за додаток доволно ќе биде црно тенко венче и малечки обетки, како на пример бисерни. Убаво ми стоело и ако е косата фатена ниско, и репчето на страна.
после планирам да одам на кафе. сакам да облечам фармерки и салонки али на плута (незнам како се викаат ) тие се некоја неодредена нијанса помеѓу тегет или сива боја. вчера беше врнежливо и денес е некако стемнато. да ги носам со проѕирни чорапчина или не се за вакво време ? Црни ? Би одговареле ли убаво со боите на салонките ? благодарам едит: на тенки чорапчина мислев
Сега е баш за вакви салонки и мислам дека подобро би стоело со тенки чорапчиња со боја на кожата, ама види времето какво е, да не ти биде ладно..
^^ Aко мислиш на ваки чевлички: .... Јас не би ги комбинирала со чорапи во никој случај. Можеби со месо боја тенки хулахопки.. п.с. Убав помин
не не се вакви. а и јас се одлучив на месо боја тенки хулахопки или доколенки. исти се нели. иначе фала
тапа сум за кошулчиња.. овие три ги имам добиено на поклон минатата година и досега ниеднаш не ги имам облечено од причина што незнам како да ги искомбинирам.. ве молам за помош бидејќи би сакала барем еднаш да ги облечам незнам со што да ги облечам дали со фармерки, дали со обични хеланки, дали со jeans-хеланки, дали со штикли, патики, балетанки, накит итн.... апсолутно појма немам како да искомбинирам ......однапред благодарам
Јас ги комбинирам карираните кошули секогаш пикнати во темни фармерки, каиш и одозгора џемперче. Балетанки, римјанки, чизми, штикли. Зависно од пригодата. Џемперчето секогаш во соодветна боја, но ваков модел отприлика:
Јас не би ги комбинирала со џемперче. Фармерчиња и одоздола салонки, балетанчиња па и патичиња се зависи каде планираш да одиш. Во лето со сандалчиња и фармерчиња или кратки шорцеви.
Првото и второто ми се гледаат подолги и би ги носела со хеланки, колан и доле балетанки или салонки некои, или пак со некои сандали. Третото со фармерки и пак исто балетанки, салонки, сандали. Јас патики не носам, а и онака патика и кошула не ми се допаѓа. Ете Сефора ти предложила фини комбинации.
Женски дали би го носеле ланчево? Ама ми треба искрено мислење. Го гледам ама не сум баш сигурна. Ситни монистри се, а тоа врвките горе ќе ги заменам со силиконски конец и винтче.
Вајлд, ланчето е убаво. Го замислувам најмногу на летни кежуал варијанти, нешто како бела опуштена кошулка и некое лабаво фустанче.
И јас се согласувам со мислењето на Starfish.Можеш да го носиш и на фармерки,некоја бела маичка и штиклички некој поедноставни.
Wild, врзана косата, RajBan-ки наочари(по можност бели), фармечиња светли и бела кошула со сино џемперче. Идеално
Фала ви на сите. Имам ваква летна маичка, како фустанчето на Yawn, само некој сантиметар пократка и бела, ќе одговара. А ќе може и со сиви старки. Ланчево Хитлер на бегање го заборавил , па бев во опасна дилема дали да го носам.
Вајлд во лето кога ќе облечеш нешто и ќе си речеш дека си обично облечена , стави го ланчево Разбива монотонија , убаво ќе изгледа на некој не знам , бел фустан .
Феминки драги сакам да слушнам мислење за ова сукниче. Како е најдобро да си го искомбинирам. Давајте предлози Ова е долниот дел, чипчето, поубаво да го видите Знам квалитетот на сликиве е 0, ама тоа е
^^Мене вакви сукњички најубаво ми одговараат со рабмовки,и тоа да ја бутнеш во сукњичката ...На пример вака нешто Исто можеш и со бела кошула Со ваква боја на сукњата најубаво би одговарала бела рамбовка/кошула, па да ја искомбинираш со црвени или кафеави детали И со црни исто така ќе одговара,во зависност што ти се наоѓа по дома. Ако ти е за дневна комбинација,доле со балетанки Еве ти уште неколку идеи