Не знам каков материјал се овие, јас имам црни исти можеби малку повисок струк, летово ги носев со блузичка на тенки прерамки во друга боја (праска, крем, нежно розе) и крем сандали, во оваа комбинација имав отидено на крштевка и за на пијачка преку викенд. Многу ми се допаѓаат и со боди на долги ракави сега купив, прекрасно стои, можеби и кога ке залади со некој џемпер. Зависи за каде и каква пригода ке ги носиш? И да додадам есенва многу од блогеркиве ја спомнуваат минт бојата, прекрасна е ете можеш и со нешто такво.
фала ти , убави идеи, јас исто ги облеков во една прилика и сега ми стојат во плакар а есенва со некој убав џемпер и чизми на штикла планирам да ги носам за на дејт со маже
Еден моден совет ако може. Ја имаме плавава кошула,сакам да купам и една од овие две, карирана и таа со колички Исто ми требаат и две џемперчиња па се мислам кое да го купам. Дали џемпериве би одговарале,ми требаат две комбинации. Едната е плавата кошула со фармерки и едно џемперче А другата е карирана/кошула со колички со тегет панталони и џемперче: Ајде тетки феминки,помогнете да го дотераме малиот господин
Со бела долга кошула или џемпер и патики. Се што е кратко не би носела на розеви хеланки освен ако спортувам.
Со сив џемпер,но долг бидејќи се хеланки и сив капут, може и некој шал да ставиш и чизми ако имаш нешто како мартинки супер или сивото замени го со црно,можеш на пинтерест да погледнеш сигурно ќе ти дојдат многу идеи
Според мене, за секогаш добри комбинации во било која сезона се неутралните бои. Никогаш не им поминува модата и плус секогаш сте дотерани. Јас лично, обраќам внимание на квалитет а не на квантитет, пример секогаш би купила 2 блузи по квалитетни, него ли 4 но да изгледаат ефтино и да се уништат после 2 перења. Она што е неопходно барем според мене да имаме секогаш во плакар се неколку парчиња облека кои може да се комбинираат на мал милион начини и тоа: бела кошула, добар пар фармерки, црн каиш, скаено сако, црни/крем панталони, скаени панталони, црна/крем/кафена/бела ролка. Плус една црна ташна, ланче и обетки и секогаш си дотеран.
Според мене најубаво би стоеле со фармерки и сако/ панталони и сако. Па дури и со обична блуза или џемпер. Многу се универзални.
Па овие модели скроз исти јас ги немам видено овде, повеќето работи ги немаат во Ск донесено, јас уште летото од Београд ги земав и многу се убави чиста кожа е. Фала Ви за советите иначе , ми се допаѓаат идеите
Еве нешто слично во Blood Orange... а комбинација можеш со сите видови на чизми еве неколку инспирации ..
Со што да ја искомбинирам првата темно зелена сукња? И за горе, и за чевли. Со оглед на тоа што сум бремена..
Предлог комбинации за старосватица ,ама само во матично ќе одиме и на ручек,нешто класично панталони кошула,комбинезон некој или слично...
Можеш со црна ролка или блуза/кошула од оние без копчиња шо се. За надоле шо ти е најудобно, некои кратки чизмички со или без штикла.
Леле Јас би како на сликата: шарен џемпер со поедноставна синкаста кошула. Или ако не си толку по експериментирањето: црн џемпер со бела или шарена кошула. За долу: бидејќи си бремена сигурно носиш ниско, црни чизмички дали пониски или до над колена, секако ќе е убаво.