Овој вид патики можи преубо да личи и со сако, и со фустан, ако знае убаво да се искомбинира и износи секако. Да се внимава на какви шари се носат, со каков накит...Баш ми се убави сите модели што ги постира членката, нормално не му се допаѓа на секој овој тренд. Ама мене ми се супер, гласам за третите што последно ги објави @anastasijaki
Точно така, секој има свој стил и вкус. Има многу работи кои ми се допаѓаат ама јас никогаш не би ги ставила оти не се мој стил, пример сако и пантолони во некоја светла боја или дречлива мене ми се преубави ама не би ги облекла бидејќи носам само потемни и понеутрални бои. Исто е и со патиките јас не би облекла вакви со ништо буквално, но има девојки кои ги комбинираат и стојат преубаво.
Со каква комбинација можам да ја носам оваа ташна? Дали може нешто лежерно, т.е да не е ептен класично?
- Едноставно фустанче (посебно со некој црвен детал), тексас јакна, рамни чевли. - Фармерки, кошула, салонки или рамни чевли. - Фармерки, маичка, некое casual сако. - Крем пантолони, цветна маичка, рамни чевли (+ тексас јакна).
Дали да комбинирам со висока штикла или ниски кондури со врвки? Ми треба за венчавка. Некако не ми се носи фустан и онака е само ручек.
Како шо си сакаш. И со двете ќе е убаво. Не секогаш мора костум со високи штикли. Лично јас за венчавка би ставила штикли (дека сум ниска и не ми стои поинаку), ама за секој ден носам костум со ниски чевли со врвки.
• Бели пантолони и бела маичка, крем или розеви салонки/сандалки (јас би додала и некој накит, каиш или ташна во јака боја). • Исто од погоре само со сиви пантолони. Или карирано сиви. • Обични тегет фармерки, маичка со натпис, салонки. • Јас би си играла со тие бои бела, крем и сива. • Ако сакаш поразиграно може и зелена, жолта, циклама. • Во однос на стил, кежуал со фармерки/пантолони и маички.
Искрено ми се појави на ФБ и сега и ја го барам неможам да го најдам ако го најдам ќе ти ја кажам страната
Феминки, од blood orange си земав цветна кошула широчка е ама е преубава, е сега сакам да ја искомбинирам со фармерки за излегување со друштво, предлог? Дали стои врзана коса? Можеби обетки?
Да стои, можеш врзана коса и некои впечатливи големи обетки. Со бели или црни фармерки (мислам бели подобро би стоеле) и патики би ти рекла.
Мм да. Врзана коса и некои кратки обетки, бисерчиња по можност. Спојлер: Обетки Јас би темни, тегет фармерки или бели. Повеќе сум за сандалки со или без штикла, чевли оксвордки, салонки, но и патики одговараат ако не се преспортски. Зависи од местото и времето. Многу убава кошула.
Женски многу ви благодарам, инаку ја искомбинирав со тегет фармерки тесни долу, пробав и со траперки ама не одговараше... Е сега имам коса до рамена, па ке пробам да ја извиткам со пегла како ке дојде, ако не, ке ја врзам, од чевли имам балетанки со заоблен ѓон и мислам дека ке одговараат. @Ugly Duckling ти благодарам, вискозна е, а и преубаво стои, само што е широчка а јас сум слаба
Вака, имам фустан бела основа цветен со розеви циклама цветови, имам циклама ташна, какви салонки би одговарале? Порано се носеше каква ташна такви салонки, но сега гледам дека различна боја се носи. Црна салонка не иде никако пробав, дали можеби би одговарале жолти или плави, на фустанот има и некои потемно плави шари?