Може со крем или понежно розево ако сакаш поедноставно. Ама да, жолти, плави или тиркиз ми звучи идеално. Јас сакам шарено.
Што би можело да се носи под оваа,на пример во комбинација со црна фармерка висок струук и оваа, за под ова нешто во друга боја, да не е црно?
Бело или крем како на сликата, ама според мене не како прслуче туку топче/маичка. Друга боја би пробала бордо. Не знам, можеби и со бела кошула?!
Оние чипканите градници што некои ги носат како маичка. Можеш розево, крем или бордо како што рекле членките. Јас не би ставила бело.. А црно не сакаш, а и ќе биде еднолично.
Тегет фустан со што може да се комбинира а да е поелегантно и свечено? Цел Пинтерест го пребарав, немам идеја. Најчесто е со сребрено, а малку ми е досадно така. Исто така има длабок V израз, да ставам долго ланче или обетки, алка нешто?
Може со крем чевли и чанта и златен накит. Јас би ти препорачала некои големи впечатливи обетки, часовник и тоа е тоа. Или крем може да го замениш со нешто како нежно розе/месо боја и розе голд накит. Само немој никако со црно да комбинираш теѓет.
Не, не со црно. Најмногу се мислам за жолто, ама мислам не е елегантно така. Розе голд може, ти благодарам.
Ако сакаш елеганицја крем, бордо, бебшко розева и жолта би било супер само да не е јака и впечатлива. Со накит би одела минималистички или со некои впечатливи обетки но во умерени граници за да не дојде too much.
Црвени. Џиш! Мојш и да искомбинираш со црвен украс во коса, или накит што има црвено на него, или црвено каишче....
Со шпиц салонки. Крем за понеутрален изглед или жолти за позабавен летен изглед. А може и друга летна боја. Не мора жолта, ама таа прво ми падна на ум.
Многу е убав. Фустанот е многу нежен па јас би со светло розеви или сребрени. Би избрала сандалки ваков модел:
Можеш да комбинираш со топчиња, кошули (со и без ракави) во бела, крем, светло сина, бебешка розева, така нежни бои со полелав материјал што би одговарал на траперкиве. А за сандали би одговарале кои било, зависи што боја ќе одбериш горе. Ако сакаш поспортска верзија патичиња бели со бела памучна маица на кртаки ракавчиња.