Што мислиш за црвените траперки? Многу се убави и во тренд се такви, ама да не се многу кич? Незнам дали да ги носам, во комбинација со кошулката, без многу шминка, ... Или да земам црни, малку поприбрани? Без везе ми е мислењево, ама не знам , час се бендисувам , час не
Супер комбинација е Јас тргнав кога ја видов кошулата да пишам дека супер ќе одговара со траперките, па потоа видов дека ти си ги постирала и тие и кошулката и ептен одма ми се усклади.
1. Би го носеле ли ова фустанче? 2. Дали може да се носи оваа маичка за вечерно излегување..кафе/прошетка? И ако може со што да се искомбинира?
Фустанчето е преслатко, би го носела со некои црни сандали, и црна чантичка, додека маичката би ја искомбинирала со некоја бела долга сукња, сандали може бели исто така или пак некоја откачена боја да одговара со маичката. Исто би личела убаво со тексас сукња. Сега се носат вакви бои па мислам со што и да ја споиш ќе личи интересно
Со што би можела да го искомбинирам фустанот? Какви сандали, чанта и накит би носеле со овој фустан? П.С. За на свадба ми е
Црни/сребрени сандали. Од накит можеби обетки или некоја алка, ланче не би затоа што самиот фустан е впечатлив на задниот дел. Ако си за некоја посмела комбинација можеш да комбинираш и со сандали во поударна боја: жолта, тиркиз... Зависи во кое издание се гледаш себеси повеќе.
Може не се гледа баш убаво на сликата, фустанов е нежна зелена боја или уште наречена ментол боја, со каква боја на штикли да го искомбинирам?