Што сакаш може да облечеш на прв академски час. Јас не се ни сеќавам што носев, а и другите колеги мислам дека беа лежерно, немаше дотерувања и слично.
Какво палто се носи сега овој период? Поточно оваа седмица, бидејќи надвор врне, па не знам дали е за кожно, дали е за некаков џемпер, капут , фармерско палто.. ?? Што од ова? И на нозе.. Чизми или патики ?
По времево што го гледам јас би рекла втората слика со портокаловото. На нозе може некои ниски чизми, посебно овој период мартинките се во мода.
Искрено, и јас за него најмногу се мислам. Да не ми е многу рано.. не знам. Во материјалот е онака баш како на сликата (како со пуфки), прилично дебел. Знам дека ќе ме стопли, и ќе биде удобно, ама ..да не е рано се мислам....
Времево многу брзо залади. Ако излегуваш денски и барем малку се стопли можеш црното. Ама вака ветерот како дува и коси јас не би облекла такво кратко во овој период.
Јас носам и тексас и кожно палто периодов, џемпер, а за второто палто ми е некако рано, личи како капут. На нозе може ниски чизмички, мартинки затоа што врне.
Шо би рекла мајка ми, гледај топло да ти е. Фармерско не би, ладно е, ама можи некое широко со дебел џемпер под него, слоевито. За капут ми е рано мене. Кожно, златна средина. Мислам дека никако нема да згрешиш, гледам луѓето се' носат. Општо во пролет и есен сум во дилема, или си премногу облечен или премногу гол. На нозе чевли или кратки чизми.
Да, за денски прашувам. Не знам.. си викам зависи од расположението, ама сепак.. да не е претерано Хахаа.. не си сама, дефинитивно. ОК, разбирам прелазен период. Ама, изгледа кај мене не функционира тоа баш така. Дајте ми дефинитивна есен, не ги сакам овие прелазниве... Да знам на што сум Ахамм.. Ниту мартинки имам, ниту кратки чизми. Изгледа некој треба да се подновиии. А, и овие мартинкиве многу ми ги зборате..Како им се движи цената (секако, не оригинал да се) дали знаете? И за слоевито се размислував многу.. се мислам за карирана кошула на долги ракави распетлана, а над неа кожното палто.. можеби така ќе биде најдобро. Еве вака одприлика:
Фармерското е повеќе за пролет искрено, кожната јакна според мене никогаш не излегува од мода и секогаш убаво се комбинира, според мене преку ден можеш кожната јакна со ниски чизмички или мартинки, а доколку си повеќе време надвор (низ град обврски, факс, или ладен работен простор) тогаш најубаво портокаловото.
Не знам зошто ама мислам црни ќе се груби. Крем/нежно розеви за поедноставно и поелегантно и циклама за поинтересно ако дозволува материјалот и стилот на фустанот. Со се' ми оди цикламата во комбинација.