Дефинитивно вакви сукничина според мене стојат со рамбовка како што кажа и Miss-Independent,немат да згрешиш ако ја искомбинираш со рамбовка.
Можеш и со топ да го искомбинираш, покрај рамбовка или некоја кошулка. Еднобоен топ и некое убаво ланче.
Ми треба еден совет од вас Сакам да шијам сукња на 30 сум на веридба ама не знам каква. за сега имам 2 така да кажам поомилени,но сепак не можам да се одлучам....па сакам ваше мислење
И јас првенствено се мислев со рамбовка ама ај си реков да прашам што ќе ми кажат феминките За летово си ја замислив(дневна комбинација) со бела рамбовка, бели римјанки, обетки топчиња (не висечи) и алки на рацете Баш слатко, интересно и обично
Штом ти е за веридба, јас мислам дека втората е по свеченка и поубава за такви нешта. Ама она пократка ќе ја направам... незнам баш..вака си е доволно кратка, а сепак не изгледа ефтино. Ако ја скратиш уште повеќе може да премине во една друга непосакувама димензија. Барем за мене.
Кажете ми луѓе што да праам со фустанчево (или што и да е) ,денес го купив а неам појма со што да го носам
Yawn јас мислам да почекаш да се стопли малку па ќе си го носиш задневни прошетки, како што и на самото фустанче си пишува .. Единствената комбинација во која можам да го замислам е патичиња или нискине сандалчиња.
Дневна прошетка, комбинирани со балетанки или римјанки. Кафе, парк..сеедно. Јас не би одела со варијанта патики, некако многу ми е невкусно. Единствено ако се платнети пролетни патичиња.
Со црно, бело, зелено. Кога бев матуранка една девојка имаше преубав зелен фустан со виолетови штикли и накит.
Тиркизно зелена Мене ми е слатка таа комбинација А може и со бисерно бело, златно(светло така) и ... и тоа
И јас си мислев за втората повеќе ми е за таа прилика.А за пократка си мислев на 1 цм пократка денес бев кај шнајдерката и гледав еден куп материјали,и се одлучив да ја шијам во крем боја.А имам и крем штикли не е баш иста нијансата, и ке купам некоја маичка иста како штиклите и мислам дека добро ке ми биде
Втората, и тоа пократка не, зашто многу би се изгубило во моделот. А и во гужва со семејни луѓе, не би било пристојно. Ако веќе си опремена со кремава маичка и кремави чевли, не мора и сукњата да е кремава, стави некоја контрастна боја. Да речеме, црвена нека биде. Со патики може, да. Спортско е фустанчето многу, па јас можам да те замислам со него и патики. Може и во полетна варијанта со римјанки. Со балетанки не би ми правело мерак. Виолетово и тиркизно ми е убава комбинација. Јас сум комбинирала виолетови сандали со црно фустанче, ама подобро е да си играш со боите. Ке бидеш и повпечатлива со тиркизно фустанче. Спојлер Од моделите, последниот ми е најдобар.
Анелија како што кажаа веќе другите,втората сукњичка повеќе ми е за такви пригоди.Супер што си одлучила да носиш таква,само немој никако цела во кремасто А и зошто би,кога баш секоја боја ти одговара на крема,имаш избор колку сакаш Јавн фустанчево ми е за дневни варијанти.Со балетанчиња ,римјанки,сандалки.Јас не сум за со патики Солзушка јас би носела некоја неон боја.На пример тиркизно плава,смагардно зелена,корална А ако си повеќе за неутралност ,тогаш можеш со која боја сакаш да ги комбинираш кремаста ,црна,кафеава...
Бидејќи е за посвечена пригода, виолетовите сандали можат да се комбинираат со сребрено или сиво фустанче (иако обратната верзија е подобра-виолетово фустанче со сребрени или златни сандали), или пак црно бела шаховска варијанта на фустан (белата не мора да биде чисто бела, може и шампањ бела) а виолетовите сандали би го разбиле шахот се разбира, може да се комбинира со зелено фустанче ама ако е убава посветла зелена, никако маслинаста. Маслинаста боја на фустанче може да дојде во предвид ако сандалите се дречливо циклама боја се надевам помогнав поздрав и убав помин на матура
Луѓе бе зашто слушам сребрена боја да се носело за матура? Многу ми е аут. Од толку прекрасни боички (сина, зелена, корално црвена) сребрено ми делува многу светкаво, многу кич... и грдо. И помина времето на таа боја, дајте нешто поживо. Виолетовите штикли - со нешто жолтко, зошто да не. Или тиркизно.
Девојки сакам да искомбинирам пепелјави фармерки со цветно блузе и ваков каиш(сличен) е сега на нозе мислам да ставам патики Спојлер или не одат патики на ваков каиш ,да ставам балетанки (не сум многу по балетанките)