Мене ми е ептен бохо. Со шеширче, со чанта со реси мислам ќе е интересен. Ако го комбинираш сега во зимски стил, пак во тој правец оди.
Иако не е мој стил, убав ми е. Плус е многу битно како на тебе стои. Имам еден фустан исто од Зара кој на моделот стои ужасно, преголем е, лошо искомбиниран, а во живо е преубав. Така што Зара моделиве не се многу релевантни.
Ај молим те, каков кич се редел на форумов, не бил убав фустанов. Одличен избор. Мене ми се допаѓа. Аут оф сток е, би го земала и јас инаку. Плус за парите е преубав.
Не знам зошто, кога го видов фустанот ми дојде една ваква комбинација во глава, со ваков стил на шеширче и чизмички, најверојатно дека често сум гледала такви комбинации наоколу. Можеш и да ги носиш завратени ракавите, мислам дека би стоело поубаво така. Спојлер: Слики за идеи А останатите не ќе е лошо да припазат малку на речникот, мислам дека и на посоодветен начин може да се каже дека нештото не ви се допаѓа. Воопшто не е ни мој стил фустанот од неколку причини: не носам кафеаво, не носам облека со дезени и не носам фустани со долги ракави, а ова апсолутно не ми дава за право да изразувам лошо.
Не знаев каде би го поставила прашањево. Дали има некоја табела, која килажа на која големина одговара? На пример, 54-56 кг, С или М е посоодветно? @Marija_Magdalena јас бу со бела или беж ролка со капут или било која боја корсет и сако. Ако е за во затворен просто пре би салонки, ако не некои полу шпиц чизми до глужд, над глужд, но да се уз нога.
Со ролка црна можеш,исто со кошула бела,црна не знам пробај со каква боја ќе стои убаво… и панталони/фармерки,чизми кратки може рамни,а може и на средна штикла
Сличен имам и јас, најчесто го комбинирам со кратка сукња, ролка и чизми до колена. Може наместо сукња и панталони, секако убаво изгледа.
За поелеганта комбинација шпиц салонки и горе ролка или маичка на прерамки со чипка + сако. За посекојдневна комбинација поширока бела или црна маичка, ставена внатре во панталоните и старки или поелегантни патики. И не можам да замислам дали би одговарало тексас јакна горе.
Фала женска. Абе доле ги пробав со чизмиве и супер стоеја: Горе пробав со поширока маичка кратка, со кошула пократка потесна, со широка долга кошула.. Абе ништо не стоеше, со пошироките работи ко торба да сум облекла, никаква форма. Идејава со ролка ми се допадна и со тексас, имам црн тексас, тоа би стоело веројатно. Се мислев и некој crop top пократок и тесен, ама тоа кога ќе симнам едно 10 кила.