https://www.zara.com/mk/en/straight-fit-blazer-with-belt-p02010702.html?v1=161680416 Девојки како да го комбинирам ова како сако, а не како фустан?
Со секоја боја на пантолони, црни, сиви, сини, бели, крем, зелени, розови, жолти, иста боја, дури и фармерки. Ако го носиш закопчано тогаш најдобро се долу да е тесно, зашто ако си ниска и ако долу имаш широки и ова горе широко, лесно можеш да добиеш изглед на торба. А ако го носиш откопчано (како наметнато, исто како капут да носиш) што било можеш да имаш облечено само боите да одговараат.
со каква чевла би ги комбинирале освен сандала(ладно е сега за сандала) истиот модел скроз го имам.Паѓа како ѕвонарка надолу.
Истото и јас ќе го речев. Јас сандали на пример не носам, не ги сакам тие отворените прсти напред. Со шпиц баш кул оди.
И јас не обожавам сандали, гола нога општо ни прсти ни петица, без разлика на времето. @joy1 јас ако не носам високи салонки ги носам со чизми до глуждот, високи со дебел топук. Или со вакви кога е потопло времето:
Еве погор некој постирал линк за чевли кои одат со ѕвонарки, меѓудругото и чевли на платформа. Заборавив дека така и ги носевме во 1999 и 2000-та со другарките од средно.
Classic. Ако е посветла боја на ѕвонарката може и штикла у боја пошто ептен се у тренд боите моментално зелена,розева .. Зависи и горе што планираш да искомбинираш
Да се прашувам јас сигурно со бели патики, иначе на овај модел совршено би одговарале штикли напред шпиц
Со која боја чевли и ташна да искомбинирам фустан кремасто златен нешто доаѓа,посветла нијанса од на сликата, не ми дозволува да ја прикачам голема резолуција е.. Благодарам..
Ја би со ваква штикла. Имам скоро исти само малку подебела штикла од simmi shoes (не верувам дека би ти се чекало два месеци додека стигнат) и буквално за се ми се наоѓаат пошто одговараат на се и на секаква боја. Вреди сите да имаат ваков пар штикли.
Девојки, си купив вакви панталончиња е сеа проблемот е што не знам со што да ги искомбинирам. Сакам со крем обична маичка,црно сако и крем салонки. Ама не знам дали е многу едноставно за крштевка. Help!
Според мене нема потреба од сако. И многу е еднолично само да е крем и црно комбинација. Можеш некоја цветна маичка/топче/кошула на кратки или на прекорамки, или па и боди.
Некоја маичка/топ или боди у боја поубаво ќе ти одговара на црни панталони а и у тренд се бои јаки (розева,портокалова,зелена) можеш и сандали ако имаш некои у боја
Јас не би ти препорачала црно сако и црни пантолони на крштевка, можеш со некоја 3/4 кошула да ги носиш да речеме како посвечено, ама уз тело кошула, не многу широка и без црно палто, многу црно е тоа како за таков евент.. Нешто вака :