Прекрасен е фустанот, не ми се вклопуваат чевлите, како и повеќето истото мислење го делам, облечи крем
Бело, тиркизно нежно, небесно нежно сино, сребрени, пастелно розе. Јас црно не би, така некако би се затворила комбинацијата, ама тоа сум јас затоа што си сакам нежни разиграни бои. Лаванда боја мене баш ми е нежна, не ми е за комбинација со темни бои како црната, ама сепак е до вкус.
Вакви панталони само широки долу, и пудра боја топче, со какви штикли да ги комбинирам? Сандали или салонки? Нема да се гледаат бидејќи се подолги панталоните секако, само при седење би се гледале. Исто и за сако, да носам или не, и какво? И ташна плик, ташна со ременче... Едит: вакви се панталоните, најдов слика, со иста боја топче, само не е чипка, и имам голо меше
За свечен настан ти е? Јас би носела плик ташна и иста боја сандали или салонки зависно од тоа што имам во моментов што ќе ми одговара, бидејќи одат и двете верзии. Лично сако не би носела зошто топло е сега, да беше за поладните месеци ќе оди и така со иста боја сако како панталоните.
За апсолвентска. Заборавив да пишам ♀️ Ташничето циклама или пудра боја би одг? Искрено и ја не сум за сако зашто не ни носам сакоа, а и на овие панталони не ми стои зашто сум слаба и ме поклопува сакото Ти благодарам за одвоеното време
Во дилема сум малку, па помагајте. Имам сребрен фустан, и се мислам за штиклите и ташната, дали да ги носам во истата боја како фустанот, црни или крем?
Повеќе сум за симпл комбинација, не планирам нешто претерано. Фустанот е сличен по боја како на сликата погоре од @Dream-Girl само мојот не свети до толку, и потемен е.
https://intersport.mk/ProductCatalog/ProductDetails?ProductID=560250C&MarketingStatus=003 дали овие старки се носат со обична еднобојна кошула или сепак не одговара кошула и стартка?