На каква пригода би носеле долг фустан, со бела основа, цветен? Иако има цветови, доминира белата боја. Не е свечен, но не е обичен или секојдневен
Период на матури е сега, можи на матура. Крштевки, родендени... Не знам каков е ама ако го комбинираш со ниски чевли или сандалки на платформа, би бил и за вечерно излегување.
Јас го замислив овој фустан Јас секаде би го носела, ако е за на кафе би го носела на балетанка некоја овие како шпиц што се напред, ако е за на свадба, роденден, едно ременче би ставила тенко на половина и сандала на штикла Повеќето облека што ја имам гледам повеќенаменска да си ја правам, да сум дотерана секогаш
Самиот фустан е too much за многу накит. Некои мали неприметливи обетки, или ептееен нежна нараквица.
Јас би носела кратко златно и едноставно ланче, речиси уз врат, ама клучниот збор е едноставно, минималистичко + нараквица/часовник и неприметливи обетки. Мене со таква должина на ракави обавезно ми иде нешто на рака како нараквица/часовник така да ако ништо друго, тоа носи.
My pear shaped queens, какви модели на фустани носите за не многу свечени ама не многу обични прослави?
Скоро секогаш тесен до колена, најчесто еднобојни, со голи рамена или подотворен горе. Поретко со некоја шара или тантелче.
Дали е океј овој фустан за на свадба? Бидејќи основата е бела.. знаете какви реакции има за носење бело на свадба кај некој Јас би го носела, искрено за вакви реакции прв пат на форумот прочитав, јас последно бев и на регистрација и на венчавка во кремасто бел фустан, сите знаат која е невестата Да се дополнам дека јас на мојата регистрација бев во розев фустан а кумата во бело, ниту и замерив ниту се замарам за такви муабети.
Јас би го носела. Ама чисто бел, долг, не би. Не ми смета некој друг ако носи, ако така убаво се чувствува, јас лично клот бел или црн не сакам.