Мене не ми идат многу патики на комбинацијата што ја опиша. Стави си некои балетанчиња или стиклички.
Знаете за онаа мојта комбинација нели . Цветното фустанче, кафениот каич и црниот корсет. Доле на нозе сакам да носам кафени салонки и кафеава ташничка, ама какви хулахопки да носам. Јас сум за месо боја ,а вие ? И дали таа комбинација е добра за на свадба...ептен ми е ќеф да ја носам
Примавера така како што опиша повеќе одговара со белетанки, е ако веќе толку сакаш со патики оди без каишот Скај и јас мислам месо боја хулахопки
Во недела сум на свадба, во план сум да носам црно чипкасто кратко фустанче и црни салонки, па какви хулохопки би одговарале, затоа што целото фустанче е чипкано со цветчиња, па дизајнирани да облечам се мислам да не биде многу натрупано? А и каква шминка, па и фризура би одговарале за свадба?
Јас мислам месо боја хулахопки (да не бидат дезенирани),нежна и ненападна шминка и благо извиткана коса.Би додала некои додатоци во посакувана боја (обетки,алки или ланче зависи од фустанот) . Со црно се` оде! Спојлер
^ дезенирани хулахопки би делувале натрупано, зашто сепак фустанчето ко што пиша е чипкано и украсено со цветчиња, па мислам дека месо боја хулахопка би завршилe работа Фризурата не мора да биде кујзнае што, во зависност од должината можеш да направиш некоја локна на фигаро, или пак плетенчињата во пределот на шишките се интересни и не делуваат многу кичесто, а шминката може да биде нешто од типот на smokey eyes (не мора со црна сенка, може и со некоја понежна - сребреникаста со сива на пример) или пак исцртај ги очите со туш Спојлер еве Кимка овде убаво е нашминкана
Да и јас се мислев за месо боја хулохопки, ама сум во дилема нели чипка како чипка е малку провидно, па да не испадне дека не носам ништо. Но мислам дека вакви би биле најдобриот избор, сепак да не бидам цела во црно. А инаку за шминка и фризура ми се допаѓаат идеите, најверојатно ќе ја направам на локници, или некако на една страна ќе ја зберам. Да не се отпуштат локните додека стигнам до таму.
Или месо боја холахопки или за да разбиваат монотонија во некоја посветла боја ама никако дезајнирани Можеш на пример фустанчето+лилјакови хулахопки+црни салонки+лилјакови алки (ако имаш) А фризурата со големи локни, за шминка нежни усни и поизразени очи
Барби, дефинитивно месо боја хулахопки. Веќе се затопли и мислам дека со црното би изгледала многу затворено Косата можеш да ја фатиш во висок реп
Девојки на свадба сум викендов па ми треба мал совет. Ќе носам црно-сиво фустанче, црни чевли, ушничките и алката исто ми се црно со сиво. Е сега се мислам окулу ноктите, бидејќи моиве се катастрофа ќе си ставам вештачки но ќе ги средам да не бидат мн големи и да изгледаат вештачко. Не знам каков лак да ставам Да направам француски? или пак да ставам црвен лак, или некоја нежна нијанса на крем боја и да ги украсам со црни печати, имам и црни циркони за нокти? Што мислите како ќе биде најубаво?
за вечерва планирам сино фустанче со сина ташна (плик), е штикли како за сега имам само сиви, а палтенце немам таква боја, имам само црна... што да направам???
Солзушка можеш Фустанчето со сиви штикли ,можеш црни хулахопки и палтото црно,и ќе ставиш сребрен накит. Ако имаш сива ташничка уште подобро,ако немаш можеш и со сина