Дали одговараат заедно овие бои: Портокалова со зелена Портокалова со розева Портокалова со жолта Зелена со розева Зелена со жолта Ако не со кои бои одговараат подобро? Знам дека со бела и црна боја одат сигурно ама со други не знам
Сите бои одговараат една со друга ако им ја погодиш нијансата и материјалите. Така што ако те интересира конкретно за нешто подобро слики стави.
Спојлер: Бои Нешто како првата и втората боја од зелените Како претпоследната (4тата) Материјалите се слични и одговараат ама боите не знам На нозе одговараат црни, бели или сиви штикли или и тие треба да се во боја?
Ваква е сината блуза Вака како овие само розева Ваква само портокалова Вака се жолтите панталони Ваква зелена сукња и иста портокалова Се извинувам но немам во моментов можност за лични слики да поставам, но моделите се вакви.
Порано и ја така мислев ама со таа популарната зелена мини ташничка што беше имам видено многу интересни комбинации со портокалови панталони или блуза. И обратно со портокалова таква ташничка и нешто зелено. Убаво одат едно со друга ако добро се вклопат.
@Matea^_^ овие шо ги постира буквално секоја со секоја можиш. Еве на инста некој профил за инспирација: https://instagram.com/mai_cqp?igshid=YmMyMTA2M2Y= https://instagram.com/blaireadiebee?igshid=YmMyMTA2M2Y=
Темно зелена предобро оди со жолта, имам таква комбинација и супер изгледаше. Спојлер: Фустан Со каква боја чевли би го искомбинирале фустанот? Црна нејќам
Одат и сребрени и крем ама јас лично би носела крем зошто некако светки има самиот фустан и мислам подобро понежна боја да се чевлите.
Дали одговара ваква иста комбинација да носам на концерт само со иста ваква бела маичка и ако да што да носам на нозете а да не се штикли, нешто удобно, бели патики неспортски одговара ли?
Како да искомбинирам темно зелен фустан? Ама има ко светки на него Ќе прикачам слика баш, поради светкиве не знам што чевли да носам? накит па ич не мислам да носам затоа што самиот е таков светкав не можев да си најдам друг комотен поради мешко, сите ме стегаа, а цел ден ќе бидам на свадбата, заковни сме