Колку го зеде? Иначе можеш со црни панталони на пример и розе штикла или патика. А и со бели би стоело убаво.
Јас би го носела со темни фармерки или нежно розеви пантолони. Со бели патики и блуза. Или со салонки.
Женски ми стигна фустанов многу ми се допаѓа краток ми е. Некоја идеја како да "додадам" парче и какво? Значи ептен ми е краток за жал
Јас обично чипка му шијам долу. Е сега дека е со текстура не знам колку ќе одговара. Да го сечиш на пола, па на средина како колан да му додајш од друг материјал шо ќе одговара. Не мора ни точно на пола, можи малку погоре-подолу, битно да не е најдолу да се познава дека е приклавано. Ако ме сфаќаш. А бидејќи на ракавот има како тантела, можи од сличен материјал и долу да се изведи.
На шнајдер ќе ја носам секако. Си имам еден сите поправки ми ги прави но за фустанов немав никаква идеја како да го средам малце..
Имаа на женски пазар ваков материјал сигурно, само ќе мора шнајдерот да го направи да изгледа плисиран како карнер. Можеби најдобро е шнајдерот да ти посочи каков материјал да купиш. И колку.
Многу е убаво сакото Можеш со се да го комбинираш, тесни припиени фармерки, црни хеланки, панталони класични
со што би ја искомбинирале за секојдневни комбинации особено сега за зимава? кои бои на палта, чизми?
Палта и чизми во истата боја. Би одговарале и бели и црни. Само целиот изглед да не е во една боја, туку комбинирај две.
Неутрална е бојата, со скоро сѐ иде од бои на палта и чизми. Освен со сребрено, не би ја комбинирала бидејќи има златно на нејзе.
ме буни тоа што е повеќе како пудра боја отколку кремова.. имате на ум какви обувки би носеле, нијанса, стил на чизма итн?
Колку е модеерен овој тип на фустанче сега? Го видов во Mega Fashion на брендот Mohito е, бааги е евтин а ми фати око и моделот и како стои, за на свадба Мислења?
Носи она што ти се допаѓа, јас носам парчиња со години наназад, затоа што ми се убави. Мода баш и не пратам, затоа што се не ми се допаѓа. Инаку убав ти е фустанот, јас би го носела, само немој со црна салонка, разби монотонија
Стварно не знам кај да го поставам прашањево ама ајде: имам една сукња, не знам што материјал е, али на хулахопки многу се лепи, а убава е сакам да си ја носам. Знаете некој трик како да спречам електрицитет?