девојки ајде малку помош ве молам си купив маслинеста блуза онака прозирна е и во горниот дел е со чипка ракавите и се три четврт и имат ластика можат и нагоре да ги носам дигнати единствен проблем ми е со што да комбинирам планирам викендот да ја облечам дали со црна комбинација фармерки и штикли или нешто друго плииззз за совет
На свадба сум кај другарка наредната недела...за невечер средив, а за дента купив само фустанче...тоа е тесно до над колената,црно со темно плави риги,на кратки ракавчиња и под градите има колан црн,со темно плава тока....убав е ,и како шо ослабев баш убаво прилепено ми стои... бидејќи вечерта ќе носам црни салонки,за дента сакам др.боја....е сега баш плаво неможам да најдам нигде,најдов тегет...дали би одговарало да носам тегет со тегет ташничка и црно сако????? И какви хулахопки да облечам,што мислите? Ваков е моделот само горе ги нема тие.таму има плави хоризонтални риги,на половината е каишот а долу исто има неколку плави риги,значи основата е црна,а ригите ваква боја Се надевам добро објаснив За ноктите мислам француски да направам,а фризура сакам едноставна ама напред да ми биде вака соберена,ама позади незнам како да ја соберам имам ретка коса, ќе бидам смешна со мало пунџиче
јас мислам дека би одговарало...одвај некако го замислив само коланот смени го со тегет колан за да ти одговара со чевлите
Созлушка јас комбинирам , убаво ми е . Кога ќе облечеш некоја комбинација од овие 2 бои ќе видиш дали ти се допаѓа или не.
Би ги носеле чевливе? Ги пронајдов во подрум, од пред 20тина години се, но нови се, дури и во кутија беа
Мене супер ми изгледаат веднаш кога ги видов ми дојде слика како се во комбинација со фармерки (цевки) и некое убаво кошулче,бидејќи поспортски ми изгледаат.
Марама јас не би ги носела, вакви носат воспитувачките во градинка нели? Кога би им била затворена петата и да се повисоки би, ама вака не би ги носела јас
Мимс не само воспитувачките, порано сите жени на кои работата повеќе им била во стоење ги носеле, од фирмите ги давале. Само не знам како се нашле кај мене во подрум
Пробај,оди на чевлар,прашај дали може да ти ги направи оние ко на плута што се,а мислам дека ќе може,само цената дали ќе одговара.Ако може на плута тогаш одлични ќе бидат
Денес си го зедов хаљинчето од кај шнајдерката и сум презадоволна како ми го направи.Е сега на нозе ке носам кремасти сандали и кремаста ташна,но не знам каков накит да ке ми иде,пошто утре вечер сум на веридба,па ве молам дајте ми некој предлог
Стави ситен и елегантен накит....фустанот е веќе доволно накитен сам од себе и ако ставиш повпечатлив накит ќе изгледаш пренатрупано....А мислам дека црни обетки ќе бидат сосема доволни....
Имам едни нежни црни обетки ама моментално не ми се тука...а еве нешто што најдов обетките се во крем боја и ке ставам белезгија во иста таква боја ми се допаѓа и црно и со крем
Драги мои феминки , досега во животов не сум имала проблем со комбинирање на облека , но овојпат ми е неопходна ваша помош . Имам една ептееен јака блуза , која наликува на кимоно во ракавите и V - изрезот , но некако не ми се вклопува со ниедно друго парче ... Совет?
MarchelineAmaru" mislam deka bi mozelo da probas da ja iskombiniras so sivi helanki ili rozevi, ama kako rozevata sto e na bluzata, ista..inache za na noze bi mozelo i so nekoi baketanki, ama so patiki nikako... se nadevam deka pomognav