Би ги носела секојдневно, пример со кожни пантолони, или фармерки (мислам со некои до глужд убаво би стоеле), исто така со сукња и црни хулахопки.
Овие ги најдов колку за идеја да добиеш. Нешто во тој стил. Можи и обични бели патики. Сега видов дека не било само за чевли прашањето. Можиш со црна, кафеава па и со зелена кожна јакна или со тексас јакна. Мене многу ми е убав, ќе ти се најди за на пролет.
2, ама дека јас сакам поедноставни. Би ги оставила прерамките и би носела црни сандали со сребрено ремче. Косата можиш собрана и нежен накит оти доволно се пердувите.
2 не ми се свиѓа, бидејќи прерамките не ми се убави, а и во пределот на стомакот не ми се допаѓа како стои моделот на фустанот. 1 ти стои поубаво, ти истакнува висина и убавата фигура, кај рацете и стомакот стои многу убаво, ти истакнува струк, предобар е.
@miss-bootylicius Мое лично мислење е дека првиот те прави да изгледаш постаро, токму поради горниот затворен дел. Така да, јас сум за вториот. Дефинитивно помладешко и по елегантно. За комбинирање: Косата може вака или висок реп + поголеми обетки, но со ваков чист дизајн: За чевлите: Вакви високи сандали, бидејќи се друго - затворено, металик, во боја итн, според мене е ту мач и неестетско. А од друга страна, отворениот дел напред ќе ја освежи комбинацијата додатно.
Вториот е поелегантен. Првиот ми е некако се во едно пердуви, мрежи, колан, циркони... јас имав таков за свадба во 2013, не ист но со мрежа горе така, дефинитвно тогаш беа во мода. Но од друга страна мислам првиот ќе ти биде поудобен.